Научник од МИТ тврди дека постојат големи шанси дека живееме во компјутерска симулација

Ризван Вирк е научник од еден од најпрестижните универзитети во САД, МИТ (Massachusetts Institute of Technology) кој тврди дека постојат големи шанси да живееме во компјутерска симулација.

Ризван Вирк ја образложи својата теорија во книгата што излезе овој месец под наслов „The Simulation Hypothesis: An MIT Computer Scientist Shows Why AI, Quantum Physics and Eastern Mystics All Agree We Are In a Video Game” (Симулациона хипотеза: компјутерски научник од МИТ покажува зошто AI, квантната физика и источните мистици, сите се согласуваат дека сме во видео игра”).

ADVERTISEMENT

Во интервју за „Digital Trends“, Вирк откри дека нешто што на прв момент би можело да звучи апсолутно лудо всушност може да биде вистина.

„Основната идеја е дека сè што го гледаме околу нас, вклучувајќи ја и Земјата и Универзумот, е дел од мошне софистицирана игра MMORPG (massively multiplayer online roleplaying game) и дека ние сме играчи во таквата игра”, вели тој во неговото интервју.

На прашањето зошто луѓето како него оваа теорија почнале да ја сфаќаат сериозно, Вирк одговори: „Првата причина е затоа што технологијата за видео игри напредуваше и сега можеме да имаме милиони играчи на еден заеднички сервер, а технологијата за 3D рендерирање стана навистина добра. Веќе можеме да претставуваме 3D објекти во 3D светови. Во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, немаше доволно компјутерска моќ за да се прикаже свет како World of Warcraft или Fortnight“.

„Една третина од мојата книга е посветена на технологијата за видео игри, како се развиваше во минатото, и кои се фазите од денес до точката на симулација (каде симулацијата не може да се разликува од реалноста)“.

Друга голема причина зошто научниците и академиците тоа сериозно го сфаќаат е професорот од Оксфорд, Ник Бостром, кој уште во 2003 година го напиша новинарскиот текст под наслов „Дали живеете во симулација?” Тој измисли паметен статистички аргумент за хипотезата за симулација. „Претпоставете дека некоја цивилизација некаде дојде до точка на симулацијата каде што може да создадете многу реална ‘симулација на предци’”, вели тој.

Со поголема компјутерска моќност можат многу лесно да се создаваат нови сервери и симулации. Секој од овие сервери може да има милијарди или трилиони симулирани битија во нив. Оттука, бројот на симулирани битија е далеку поголем од бројот на биолошки суштества” пишува Ник.

Новинарите го прашаа научникот Вирк и кои последици од животот во симулација би можеле да постојат во секојдневниот живот. „Ако живееме во видео игра која е поставена на пример како во Фортнит, би сакале да ги знаеме целите на таа игра и какви се нашите индивидуални задачи”, вели тој.

 

Тој додаде дека „не мисли дека е нужно дека сме во симулација која има цел”, но, според него, иста е како и секоја „мултиплеер“ игра во која секој лик има свои задачи и слобода на избор што ќе направи следно.

Целото интервју со него можете да го прочитате тука.

Facebook Comments
(Visited 216 times, 1 visits today)