Наум Петрески насмеан и весел, во друштво на уште една позната Македонка – и Спасен ужива со нив
Еве како изгледа дружбата со еден од најголемите пејачи на македонската фолк-сцена
Нашата позната фолк-пејачка и водителка Адријана Алачки објави фотографија со која израдува многу од своите фанови.
Како што самата напиша, Адријана на фотографијата е со легендарниот Наум Петрески и колегата Спасен Силјаноски.
„Не ме чекај Милице!“, напиша таа, па додаде:
Фото: Фејсбук
„Везилка со легендарниот Наум Петрески и нашиот Спасен Сиљаноски“, напиша таа и додаде дека наскоро ќе ги гледаме на Алфа ТВ.
Фото: Фејсбук
Потсетуваме, Адријана Алачки и Спасен Силјаноски се водители на една од најгледаните емисии со фолк музика.
Фото: Фејсбук
Во новата емисија ќе гостува и нивниот колега, а пејачката го овековечи ова дружење со македонската пејачка легенда.
Фото: Фејсбук
Интересно е и тоа што деновиве со Наум фотографија објавија и момците од ДНК, а под истата го напишаа следново:
„Кога учиш од идолите од твоето детството и кога воедно истите тие ти стануваат блиски пријатели, знаеш дека си на вистински пат. Според нас, Наум е легенда на македонската фолк музика, еден од најдобрите вокали и вистински Македонец“.
Фото: Фејсбук
„Тоа што Тоше Проески значеше, беше и секогаш ќе значи во поп водите, тоа е Наум во фолкот“, напиша тие под заедничката фотографија.
И под двете фотографии воодушевените фанови им порачаа дека се во друштво во кое што припаѓаат, односно со големи луѓе.
Принтскрин/ Јутјуб, Еден на еден
Но очигледно дека и на Наум му годи кога е во друштво со добри луѓе, па си доби и бројни комплименти дека одлично изгледа.
Сите насмеани, расположени и весели, а според коментарите можеме да видиме и колку фановите ги почитуваат и сакаат.