Наум Петрески му ја предава ќерката Сања на зетот – ГОРДИОТ ТАТКО НИКОГАШ НЕ БИЛ ОЛКУ СРЕЌЕН
Погледнете како изгледаше првиот танц и моментот кога Наум Петрески му ја предава невестата на зетот
Ќерката на познатиот фолк-пејач Наум Петрески, Сања Петреска, овој викенд се омажи за својот избраник Александар Антевски.
Големата свадбена веселба беше во еден познат скопски ресторан, откако претходно се венчаа во црквата Свети Илија.
Новопечениот брачен пар ги собра роднините и блиските пријатели за да го прослават овој посебен ден, а на социјалните мрежи испливаа неколку фотографии и снимки што ги воодушевија сите.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
На една од нив се гледа како таткото на Сања, познатиот пејач Наум Петрески, ја носи за рака невестата и му ја предава на младоженецот.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Наум не го криеше своето добро расположение додека ја држеше невестата за рака, гордо чекорејќи пред гостите.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Неговата наследничка за ова посебна пригода избра класична бела венчаница која што ја носеше со долг вел на главата.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Фустанот беше со должина до подот и со отворено деколте, а невестата го носеше со шик бели сандали и преубаво стилизирана фризура.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Нејзиниот тако носеше костум во беж нијанса со сако со коцки и бела кошула, а зетот црн костум со бела кошула.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Прославата започна со првиот танц на кој младенците блеска, а моментот што сите го чекаа беше кога Наум се фати за микрофонот.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Тој испеа неколку песни и ги воодушеви гостите, а посебно невестата и зетот кои блескаа додека тој им пееше.
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Фото: Инстаграм/ Дона Петреска
Повеќе детали од свадбата погледнете во продолжение: