Реклама
Наши ѕвезди

Наум Петрески блеска од среќа на свадбата на својата наследничка – пее со гостите, невестата преубава

Се омажи една од наследничките на познатиот пејач

Реклама

Невестата блескаше во бело

Сaња Петреска, ќерката на познатиот македонски фолк-пејач Наум Петрески, го кажа своето судбоносно „ДА“ на емотивниот партнер кој пред неколку месеци ја запроси.

Сaња му е ќерка на Наум од првиот брак, од кој пејачот ја има и ќерката Анастасија која тргна по неговите стапки.

Маркетинг

Неговата наследничка се омажи во црквата Свети Илија, а фотографии од свечениот чин испливаа на социјалните мрежи.

Маркетинг

Познатиот пејач не ја криеше радоста и среќата што неговата ќерка се мажи, па беше еден од највеселите на свадбата.

Фото: Инстаграм/ Владимир Поповски

Најемотивниот момент беше кога тој го зеде микрофонот и им запеа на невестата и младоженецот кои беа покрај него.

Фото: Инстаграм/ Владимир Поповски

Пејачот за оваа пригода избра костум во нежна беж нијанса, додека младоженецот Алекс Антевски носеше црн костум со бела кошула.

Фото: Инстаграм/ Владимир Поповски

Видеото од овој момент го објави музичарот Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“ и сопруг на најголемата ќерка на Наумче, Анастасија Петреска, со која е во брак од 2019 година и имаат две деца, ќерката Андреа и синот Лука.

Фото: Фејсбук/ Анастасиа Петреска

Потсетуваме, Наумче покрај Сања од првиот брак со Верче ја има и ќерката Анастасија која исто така е пејачка, додека од бракот со познатата пејачка Зуица Лазова ги има ќерката Македонка и синот Стефан кој годинава славеше полуматура.

Фото: Фејсбук, Зуица Лазова

Инаку, Наум и Зуица речиси 20 години се заедно и важат за еден од најскладните парови на македонската естрада.

Синот на Наум и Зуица, полуматурант

Тие ги изненадија сите кога минатата година, по 16 години заеднички живот, тајно се венчаа во присуство само на најблиските.

Фото: Фејсбук, Зуица Лазова

Имено, како што тогаш објавија медиумите, Наум и Зуица дури минатото лето прво склучиле граѓански брак, па се венчале во црква.

Фотографија од просидбата (Фото: Фејсбук/ Сања Петреска)

Венчавката била во кругот на најблиските, минатото лето во јули, а Зуица на фестивалот „Охрид фест“ настапила во венчалниот фустан.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Наум претходно 20 години беше во брак со Верче, и од овој брак ги има ќерките Анастасија и Сања со кои е во одлични односи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Александра Костоска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button