Не е се во изгледот
Научниците од Универзитетот „National Autonomous“ во Мексико спроведоа истражување за да утврдат кој тип на жена најмногу ги прави среќни мажите.
Нивните резултати се мошне интересни.
Имено, иако партнерите при изборот најчесто гледаат на изгледот, најновото истражување покажа дека тоа всушност е најневажната ставка.
Истражувањето покажа дека претставниците на посилниот пол кои имаат пополни избранички се посреќни од мажите кои се во врска со слаби жени. И тоа 10 пати.
Мажите кои имаат пополни жени почесто се смеат од мажите со слаби сопруги, и значително се посреќни. Слабите жени почесто се порезервирани, тие повеќе се фокусирани на својот изглед и помалку се експресивни што влијае и на нивниот однос со мажите со кои се во врска, се наведува во заклучокот на ова истражување.
Тие додаваат и дека пополните жени полесно ги решаваат проблемите и конфликтите во врската