Вистинското време за раѓањето на детето е прашање на сопствен избор, но сега е научно потврдено кои се најдобрите години за тоа.
Додека некој вели дека децата е подобро да се родат кога сте во дваесеттите години, додека сте помлади и повиталн, други советуваат дека тоа е најдобро во четириесеттите години. Сепак, компликации со здравјето би имале и во двата периода од животот, велат експертите.
Според резултатите од студијата Др. Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, совршена возраст за раѓање е 34 години. „На оваа возраст, жените се оптимално здрави и спремни за бременост”, вели д-р. Мировски, кој излезе со резултатот. Истиот беше добиен од истражувањето спроведено на 1800 мајки, кои беа прашани за нивната моменталната здравствена состојба.
Другите експерти се согласија со неговиот заклучок, додавајќи дека жените на оваа возраст имаат идеална количина на енергија и се доволно зрели и одговорни за подигање на дете, што исто така е многу важно.