Наташа Беквалац поради коронавирусот роденденот на ќерката ќе го прослави вака, еве што испланирала таа
Наташа Беквалац на денешен ден пред 13 години, стана мајка. На својот тогашен сопруг Данило Икодиновиќ му ја роди ќерката Хана. Со оглед на тоа дека владее коронавирус и дека е прогласена вонредна состојба во Србија, тие двете одлучија овој роденден да го прослават поинаку.
Имено, Наташа на својот профил објави фотографија со својата ќерка Хана, ја честеше за роденден и напиша како ќе го прослават.
„На мојата прва, најголема љубов и радост денеска и е прекрасен ден, прекрасен ден, денес ѝ е 13. роденден…Ми забрани да напишам било што, па ова скришно го правам. 13 години сум најгордата мајка на светот…Колку ме измачи додека те раѓав, толку ме правиш среќна и одмораш додека те растам и покрај тебе дишам секој ден… Се договориме сите четири вечерва убаво да се облечеме, да направиме прекрасна вечера, да слушаме супер музика и да го прославиме нејзиниот прекрасен ден. И направив и торта, се согласи!Је-је-је“, восхитено напиша Наташа.