Натали повторно е бремена, а Радица се уште е истата – погледнете како изгледаат денес сестрите Грубовиќ (фото)
Натали Џуниор ќе добие братче или сестричка
Поранешната манекенка Натали Грубовиќ која стана популарна кај нашата јавност како бинго девојка повторно ќе се оствари во улога на мајка.
Нејзината ќерка која го доби со бизнисменот Дрен Глушац се вика Натали и наскоро треба да наполни две години.
Фотографијата на која се гледа трудничкиот стомак на поранешната манекенка беше објавена на социјалните мрежи од нејзините роднини, односно поточно од нејзината сестра Радица Грубовиќ Растворцева.
Инаку, и Радица порано беше водителка и манекенка, а денес е докторка односно специјалист трансфузолог.
Натали и Дрен живеат во Нови Сад.
Сестри манекенки
Сестрите Натали и Радица своевремено важеа за едни од најпознатите (и најубавите) манекенки во Македонија. Натали ќе остане запаметена и како една од најубавите и најпопуларните лото и бинго девојки, но и по изреката на легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, кој за време на извлекувањето знаеше да и се обрати со зборовите:
Натали, дај му на човекот.
Инаку, Натали Грубовиќ ги изненади сите и со својата прва бременост. Таа тогаш успешно ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е во блажена состојба. Но Натали веднаш го привлече вниманието на јавноста кога се дозна за нејзината нова улога во животот, особено откако се породи и кога откри дека нејзиното бебе ќе се вика Натали.
Името го предложил нејзиниот сопруг, а по некое време и нејзе и се допаднала идејата, особено кога прв пат ја видела ќеркичката. „Штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа“, раскажа мама Натали за порталот „Фокус“ откако се породи.