Насмевката најубаво ви стои- Игор и Илина вљубени и прегрнати, фотографијата на многумина им го разубави денот!
По тешкиот период Игор кој му помагани му ја враќа насмевката на лицето.
Неодамна одекна веста за см-ртта на маестро Александар Џамбазов, неговиот син Игор не криеше дека навистина тешко се справува со загубата.
Игор на социјалните мрежи се збогуваше од својот татко, па во една прилика сподели заедничка фотографија од неговите родители па напиша:
-За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста … -напиша Игор, па не криеше и дека е тажен.
Сепак по неколкуте тажни објави сподели и една фотографија на која е со неговата сакана Илина, која му е најголема поддршка во овие тешки моменти.
Прегрнати и насмеани, Илина и Игор позираа а нивните фанови имаа само убави зборови.
„Преслатки“, „Убави“, „Ве сакам“, „Инспирација сте ми“, „Најубави сте ми“ и уште еден куп други комплименти си добија во коментари Илина и Игор.
Инаку Илина и Игор уште во моментот кога објавија дека се заедно ги освоија симпатиите на илјадници, па за кратко време станаа омилен пар.
Илина пак постојано добива комплименти на сметка на својот изглед, а и нејзиниот сакан Игор Џамбазов многупати не може да остане рамнодушен од нејзината неверојатна издржливост, па ќе сподели фотографија или видео од кое можеме да видиме како вежба неговата сродна душа.
Па ако некогаш сте се запрашале што прави оваа прекрасна жена за вака да изгледа, сега едноставно го имаме и одговорот – живее здрав живот, ужива во животот и спортувањето, и покрај себе има човек што неверојатно ја сака.