Наследникот на Тијана порасна, сега е повисок дури и од пејачката – мама горда на Вук и заради ова!
Познатата пејачка се гордее со својот наследник, посебно што и тој заплови во светот на музиката
Тргна по стапките на мама
Наследникот на Тијана Дапчевиќ, Вук, веќе некое време сериозно се занимава со музика, а мајка му се гордее со него.
И како што самата пејачка откри во една пригода во интервју за Гламур магазин, нејзиниот син веќе неколку години е во светот на музиката, но во поразличен жанр. Тој започнал да се занимава со продукција, но со потполно нов правец во електронската музика – фонк, а на платформата спотифај има повеќе од милион фанови.
„На платформата ‘Спотифај“ има повеќе од милион и пол слушатели. Има многу фанови, највеќе од Бразил. Можам да се пофалам и да бидам горда на тоа што син ми е талентиран и се занимава со музика“, изјави Тијана во една пригода за Гламур горда на својот наследник.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Тијана имаше 115 килограми по породувањето
Потсетуваме, синот на Тијана во февруари наполни 15 години, а сите коментираат дека многу личи на својата мајка.
Таа често споделува фотографии со него, а сите се изненадени и од тоа што тој уште сега е повисок од неговите родители.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Инаку, Тијана по породувањето долго време имаше проблем со вишок килограми, а во еден момент имаше дури 115 килограми.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
И како што самата откри во една пригода, сите фотографии што ги имала од овој период во животот решила да ги уништи.
„Ги уништив фотографиите по породувањето. Ги запалив, бидејќи во тој момент имав 115 килограми. И кога ќе кажат дека сум висока, ама оставете го тоа. 100 кг се 100 кг. Сега имам 72 кг, што е многу, ама Боже мој“, истакна искрено Тијана во една пригода во емисијата „Шоуто продолжува“ на телевизија „Блиц“.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
На прашањето на водителот дали држела диета, таа тогаш одговори:
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
„Ма какви диети. Моментално сум на автофагија, по 20 часот не јадам ништо. 8 часови јадеш, 16 часови не јадеш, и така тоа го нивелирам“, изјави тогаш популарната пејачка во споменатата емисија.