Народни верувања поврзани со бременоста – ова НЕ смеете никако да го правите бидејќи му го скратувате животот на бебето!

Од моментот кога ќе објавите дека сте бремени, сите ќе почнат да ве посипуваат со „корисни совети”. Се разбира, повеќето од нив се „бапски приказни”, но многу бремени жени во Македонија, па и на целиот Балкан, сѐ уште се придржуваат кон некои од овие правила.

Многу верувања се поврзани со бременоста, а ние од сите нив ги избравме 15-те кои ни беа најинтересни:

ADVERTISEMENT

Се верува дека жената во блажена состојба не треба да се лула на лулашка, бидејќи детето ќе има несоница.

Не е препорачливо да се гледа во огледало во вечерните часови, бидејќи постои можност детето да биде со криви очи.

Ако бремената жена украде нешто во народот постои верување дека детето ќе има белег на истото место на телото каде што мајката ќе се допре прв пат по кражбата, и тоа токму во форма на украдените предмети.

Се верува дека жените кога се бремени не треба да се јадат премногу лута и зачинета храна, бидејќи така детето нема да биде со весел карактер.

Бремена жена не треба да гази во каллива вода или бара, инаку детето ќе биде малку лудо.

Жена во блажена состојба не треба да седи во W положба (кај нас познато како турско седење), бидејќи на бебето ќе му се замота папочната врвка околу главата.

Забрането е да се шутираат мачки (!), бидејќи можат да и фрлат клетва на жената.

Исто така, се верува дека не треба да се шиша за време на бременоста, бидејќи му го скратува животот на бебето.

Бремена жена не треба да шета ноќе, бидејќи бебето никогаш нема да спие.

За да може детето да биде што попаметно, трудницата мора да пие многу вода.

Кој и се замери на бремена жена ќе добие чмичка на окото.

Бремена жена не треба да ја напушти куќата во периодот помеѓу Божик и Богојавление, бидејќи се верува дека во ова време вештерките се најактивни.

Не треба да се вади заб за време на бременоста.

Не смеете да и викате на бремена жена, може да се преплаши. Ако од страв се фати за некој дел од телото, се верува дека детето ќе има белег токму на тоа место.

Бремена жена не треба да гледа во оган, за детето да нема црвенило на лицето.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed