Вирално

Направете тренди фармерки од старите, модерен топ од џемперче што не го носите и заштитна маска без сечење и шиење

Advertisement

Популарната блогерка Британи Ксавиер нуди едноставни упатства за тоа како поинаку да се искористат непоребните работи.

Advertisement

Модната блогерка сподели три едноставни трикови за тоа како да се стекнат нови елегантни работи во текот на самоизолацијата без да се напушти домот и без да се потрошат пари.

За да го направите ова, потребни ви се само неколку работи од вашиот гардеробер и малку ентузијазам.

Нов живот на старите фармерки

Еве како старите фармерки да ги претворите во тренди имиџ. Британи предлага од старите фармерки да направите нови и модерни. Работата е во следно: да се нанесе избелувач на едната ногавица, да се остават неколку часа и потоа да се исперат. Двобојните фармерки кои ги сака Кендал Џенер се подготвени еве вака:

Advertisement

https://www.instagram.com/p/B_6FRaKgLEF/

Топ од џемперче

Џемперот е најважното модно парче во последните неколу сезони. Ова парче посебно го обожаваат ѕвездите кои практикуваат уличен стил. Ако во зима на најпопуларни се волнените џемпери и оние од мек мохер, тогаш лесната плетка во лето е главен хит. А ако краткиот топ направен од истиот материјал го носите под џемперчето, тогаш може да се пофалите дека сте освоиле моден џек пот. Британи предлага долниот дел од џемперчето да го отсечете и да си направите топ од него.

https://www.instagram.com/p/B_vHLuZgKqu/

Маска

Денеска главен додаток без кој не можете надвор не е торба тука маска за лице. Моделите од текстил не се најсигурна опција, но практични се и можат да се исперат по употребата. Маската можете да си направите сами од марама (бандана) која исто така е релевантна во оваа сезона.

https://www.instagram.com/p/B-kf9uWAxhb/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button