Наледничките на најубавата жена во земјава се вистински убавици: Погледнете ги ќерката и внуката на Вики Среброва
Таа е една од најубавите жени на македонската естрада, а дека убавината е наследна докажуваат и нејзината ќерка и внука.
Македонската фолк пејачка Вики Среброва беше една од најубавите жени на почетокот на нејзината кариера, а мора да се признае дека за неа времето како да запрело.
Препознатлива е по позитивната енергија и широката насмевка, но најмногу по своите заводливи зелени очи.
Таа беше меѓу првите познати личности во Македонија која направи естетска кoрекција на лицето и отворено зборуваше за тоа.
Вели дека и деценија после тоа таа воопшто не жали за таа нејзина одлука.
Во времето кога таа ги направи естетските корекции на лицето, во Македонија тоа сѐ уште беше табу тема.
Опеpацијата Вики ја направи во Дарувар, Загреб, пред повеќе од 10 години, во времето кога таа имаше 54 години. Естетската интервeнција и ја изврши специјалистот Бојан Игнатовски, на клиниката Аркадија, и Среброва се појави во јавност пет седмици по настанот, воодушевувајќи со својот изглед.
Сепак, тврди дека убавината и совршената кожа ги наследила од нејзините родители, кои дури и на стари години имале убава и мазна кожа.
Пејачката тврди дека џабе ѝ се на жената сите естетски операции на неа, ако не зрачи сама по себе, ако не го негува позитивниот дух. Во тоа е навистина во право, самата таа е сведок за тоа.
Како што и самата знае да каже, нејзиното лице е секогаш насмеано затоа што таа е секогаш расположена. Освен козметика и нега на кожата, потребна е и нега на душата.
Она што најмногу ја радува е тоа што и нејзината ќерка Ели Среброва од неа ги има наследено младешкиот изглед и совршената насмевка.
Пејачката која ги испеа „Игoре изгoре” и „Зелени очи” од бракот со фудбалерот Јосе Среброва има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
Деновиве Македонија е под топлотен бран и температурите се искачуваат на 40. степен.
По улиците во попладневните часови ретко може да се сретнат луѓе, а и препораките од надлежните е да се седи дома и да не се излегува доколку не се има потреба.
Македонците спасот од горештините го бараат на излетничките места покрај вода, како и на планина.
Вики заедно со својата ќерка и внука замина во Куманово кај својат брат, каде уживаа покрај реката Пчиња, во ладовина.
Семејството знае како да си приреди уживање, па сите им завидеа.
Дебела сенка, студени напитоци, убаво друштво е сѐ она што е потребно за добар одмор.
Вики сподели фотографии од уживањето и ги покажа своите наследнички за кои мора да се признае дека се вистински убавици.
Погледнете: