Реклама
BEAUTYНега и здравје

Навики кои ќе ви го променат животот: Воведете ги овие промени и чувствувајте се подобро секој ден

Реклама

Ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, тогаш можеби е време да воведите некои помени. Моќна на храната која ја јадете има големо влијание на вашето тело, а за жал честопати ние луѓето ја занемаруваме.

Во продолжение ви прикажуваме неколку идеи и совети како да ја подобрите својата исхрана и да се чувствувате подобро секој ден.

Маркетинг

Секој ден започнете го со појадок

Иако секој оброк е еднакво важен, појадокот секако зазема посебно место затоа што ви помага да го наполните телото со потребната енергија и храливи материи. Прескокнувањето на појадокот лошо се одразува на нивото на глукоза, главното гориво за работа на нашиот мозок, а воедно ја зголемува можноста да јадете повеќе храна во текот на денот.

Настојувајте две третини од вкупниот внес на храна да биде од растително потекло

Ихраната која во поголем дел се темели на намирници од растително потекло, е моќен начин да го одржувате своето здравје. Дозволете си вашиот дневен внес на храна во поголем дел да биде од растително потекло и ќе забележите дека од ден на ден се чувствувате подобро.

Маркетинг

Зголемете го внесот на течности

Знаете ли во што се крие тајната на блескава кожа, доволно енергија, расположение и добро здравје? Клучот е во доволниот внес на вода во вашето тело.

Нека вашите дневни оброци бидат редовни

Нажалост, начинот на живот често не ни дозволува да ги распоредиме оброците онака како што би сакале. За да не западнете во замката на неадекватни меѓуоброци, обидете се да изберете напитоци од свежо овошје или пак салата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button