Мoника Белучи во панталони и сако со кои ќе ве остави без здив

Моника Белучи на претставувањето на накитот од луксузниот бренд „Cartier“ во парискиот Лувр се појави во панталони и блејзер од еден од нејзините омилени дизајнерски брендови „Долче и Габана“.

И покрај тоа што на гламурозниот настан кој се одржа во познатиот француски музеј беа бројни познати дами 53 годишната Моника успеа со своето посебно издание да се истакне пред сите и да изгледа сензационално.

ADVERTISEMENT

Во прашање е црвен костум дезениран со брокат кој се состоеше од струкиран блејзер и тесни панталони, додека под него носеше обична црна маица.

Моника целото издание го заокружи со црвени платформи со високи потпетици и отворени прсти, долга огрлица со приврзок, додека на лицето имаше преубава природна шминка која во фокусот ги стави очите и сочните усни, а важен сегмент во целата оваа прекрасна комбинација беше и нејзината кафеава раскошна коса.

Погледнете како изгледаа и останатите девојки …

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed