Му ја презема жената на својот најдобар пријател, а сега таа го изневерува со негов колега од Хрватска?
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека сопругата на Икардо, Ванда Нара, му беше сопруга на неговиот најдобар пријател Макси Лопес.
Но таа набргу ќе се вљуби во Икардо и без око да им трепне ќе го остави Макси, а ќе се омажи за него. Нивниот љубовен триаголник долго време ја интригираше јавноста, а сега доаѓаат нови пикантни детали.
Имено, двајцата фудбалери Мауро Икарди и Макси Лопес беа блиски пријатели се додека сексапилната Ванда не им го растури пријателството. Од госпоѓа Лопез преку ноќ стана госпоѓа Икарди, а сега пак си најде нов фудбалер. Италијанските медиуми пишуваат дека историјата се повторува, односно дека Ванда го изневерува својот сопруг со соиграч од неговиот тим од Интер – со хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ! Тие тврдат дека имаат и снимки од „WhatsApp“ со кои може да се потврди нивната љубовна афера.
„Неверојатно колку лажни вести има во последно време. Јас инаку не коментирам вакви објави, но ова отиде предалеку. Јас сум мајка и живеам за своите деца, секогаш сум со нив. Покрај тоа јас сум и сопруга. Сопруга на Мауро Икарди. По сите лажи кои се појавија во медиумите морам да го заштитам семејството и самата себеси. Со ова ќе се позанимава мојот адвокат. Треба да знаете дека ќе трпите последици за лажните информации, Живеам нормален живот, работам и се грижам за моите деца, а и на вас би ви било подобро да го правите тоа, а не да пишувате глупости за мене“ вели Ванда.