Реклама
Вирално

МУ НАТОЧИЛЕ 30 ЛИТРИ ПЛИН ВО БОЦА ОД 24 ЛИТРИ?! Пумпашот вели дека проблемот е во горештините

Што мислите, дали постојат измами на бензинските пумпи?

Реклама

Колку и да трошите за гориво, многумина секогаш ќе кажат дека плаќаат повеќе отколку што им ставиле во резервоарот.

Тоа го тврди и Мартин од Скопје, кој, како што се вели во прилогот на штипската телевизија Стар ТВ се пожалил дека му ставиле 30 литри гас во боца од 24 литри.

Како што се вели во прилогот на споменатата телевизија, еден граѓанин заборавил да стави плин во автомобилот, а веќе се наоѓал на една од периферните населби во Скопје.

Маркетинг

Застанал во најблиската бензинска станица за ја наполни својата 24 литарска боца со плин. На вработениот му кажал да ја наполни боцата до врв, а тој цело време гледал во бројчаникот.

Маркетинг
Фото: Илустрација

По кратко време, бројчаникот на пумпата покажал дека му ставиле 30 литри плин, па тој го прашал вработениот дали е свесен што прави, па, како што вели прилогот, вработениот на бензинската пумпа се обидел на сите начини да ја сокрие измамата.

Пумпашот наводно му кажал дека тоа се должело на летното време и дека волуменот на боцата се зголемувал и се ширел заради горештините. На крајот лицето за кое станува збор, го прашал вработениот во бензинската пумпа дали тоа се случува и во зимно време, по што тој се замислил и му се извинил на муштеријата, се вели во прилогот.

Трик со кој вработените крадат бензин?!

Инаку, неодамна имаше уште еден прилог, но од соседството, во кој еден работник во бензинска пумпа објаснуваше како на поединечни пумпи, вработените најчесто им кратат од горивото на своите муштерии, без тоа тие воопшто и да го забележат.

И како што откри ова лице, не станува збор за измама, туку за механизам, односно така функционира пумпата.

Како што објаснува овој работник, кога пумпата ќе испушти одредена количина, во цревото секогаш останува мала количина на течност, која заради аголот по кој што е поставено цревото, не може да стигне до резервоарот.

Наводно, не станува збор за големи количини, но кога нема гужва, вработените оваа течност ја собираат и потоа ја делат заработката.

Фото: Илустрација

Па, дали некогаш ви се случило на некоја бензинска пумпа да мислите дека ви наточиле помалку гориво од она што сте го платиле?

И што мислите, дали постојат измами на бензинските пумпи?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button