Реклама
Интервју

„Не се препознавам низ Скопје, многу ни е гласен и прљав градот“

Реклама

Интервју со Тони Зен

Со еден од нашите најпознати репери Тони Зен поразговаравме отворено за тоа кои бои, мириси и звуци го инспирираат, но му поставивме и неколку прашања за тоа каков татко е, дали му менува пелени на малиот Јасен и колку и дали татковството го промени како човек. Еве што ни одговори тој …

Маркетинг

По долгата пауза на сцената се враќаш со новиот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Каде се снимаше и со кого соработуваше?

Овој албум е сниман во студиото Knobs Keys ‘n Stuff, со Бојан Филиповски Gloomie како саунд инжињер, микс и мастеринг правеше Мите Димовски во Тралала студио. Идеата за овој албум произлезе од мене и Кирил Бабамов, кој воедно и свири акустична гитара на сите песни, исто така и Ратко Даутовски има големо влијание во овој албум, кој свири перкусии на сите песни.

Бидејќи целиот албум е сниман во живо се приклучија и останатите музичари со своите инструменти, Мартин Јосифовски (Бас), Борислав Веселинов (Саксофон и флејта), Борче Кузмановски и Бојан Филиповски Gloomie (Клавијатури), Александар Сале Пешевски (Усна хармоника), и Весна Малинова Бабамов (Пратечки вокали)

Маркетинг

Кое беше твоето омилено место за излeгување во тинеџејрските години, а што денес најмногу ти се допаѓа од новиот лик на градот?

-Немав омилено место во детството, освен клупите, кошевите, и парковите во моето маало. Имаше повеќе култни места за средби и дружења, меѓу кои и кругчето и паркот на плоштадот, таму беа најчесто раперските дружби :) Во ова време сега, јас не се препознавам низ Скопје, не дека сум носталгичен, но премногу е исфорсиран, гласен и прљав градот, колективната свест е многу ниска исто така, јас поинаку го замислувам Скопје.

Нодамна стана татко на малиот Јасен. Честитки. Интерсно и невообичаено име, чија беше идејата?

Името самото по себе си се приземји, спонтано. Природно се случи се…

Колку новиот член те промени како личност..? Дали научи да мненуваш пелени??

Да, менувам пелени, и сум одговорен родител, онака како што треба да се биде СУМ :)

Добриот аутфит или пак широката насмевка, се пресудни за добар прв впечаток?

Широка насмевка, без двоумење.

Како ти во моментов се грижиш за твоето тело и колку ги почитуваш основните правила за добро здравје и одржување во форма?

Во моментов воопшто не ми е цел да одржувам форма на телото, не се поистоветувам со телото и физичкиот изглед како претходно, имам повисоки цели и вредности, живеам балансирано и сум буден во потполност.

Колку тетоважи имаш? Дали е во план некоја нова…

Имам многу тетоважи, не знам како да ги избројам бидејќи повеќето мотиви се споени и се една целина, а за во иднина не можам да ти одговорам дали ќе правам или не, бидејќи ни јас не знам :)

Која е твојата добитна аутфит комбинација што секогаш пали?

Маица, бермуди, и сандали или влечки :)

Стилот ти е ист, но имиџот го менуваш. Како си се допаѓаш себе си најмногу?

Се облекувам според чувството и временските услови, најубаво се чувствувам кога облеката ми кореспондира со емоциите.

Често патуваш. Како си помина во Лисабон и што најмногу ти остави впечаток?

Лисабон беше пред 3 години, неколку пати бевме таму, и во Порто исто така, Португалија е прекрасна, сигурно дека повторни одиме таму.

Многу од работите ми оставија впечаток, јавниот транспорт, односно метрото кое ми остави најмногу впечаток.

Подготви: Берта Мартиноска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button