Му беше голема љубов на Здравко Чолиќ: И тој има резервирано место срцето на оваа актерка
Здравко Чолиќ на времето во поранешна Југославија беше еден од најголемите заводници.
Здравко веќе 18 години е во складен брак со сопругата Александра, меѓутоа претходно, по него лудуваа многу познати дами, меѓу кои е и една актерка.
Пејачот за својата некогашна љубов – актерката Јасна Орнела Бери, ретко зборува во јавноста. Тие своевремено во Сараево како млади се вљубиле, а деталите за нивниот однос своевремено ги раскажа Јасна.
-Секогаш дел од моето срце ќе биде резеравирано за него, рече таа во емисија.
– Првпат после војната се сретнавме во Белград, а тоа беше така трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денеска. Пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која самиот ја напиша.
– Не можам да дали сме се забавувале или сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и натаму трае. Тоа и натаму е љубов која не може да се помилува и држи за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј, истакна Јасна.
Таа глумеше во босанските филмови „На пат“, „Грбавица“, „Нафака“, како и во филмот кој го режираше Анџелина Џоли за војната во Босна „Во земјата на крвта и медот“.