Реклама
Новости

Муслиманите го нападнаа Најк поради логото на кое пишува Алах

Реклама

Муслиманските потрошувачи ја нападнаа компанијата Најк бидејки о напишала зборот Алах на нивните патики

Логото на патиките Најк Ер Макс (Nike Air Max) е навредливо бидејќи наликува на името на Алах напишано со арапски букви, што за муслиманите претставува сквернавење. Така барем вели муслиманката Саика Норин, кој започна и петиција на познатата веб страна „Change.org“, на која тоа може да го направи секој корисник, со барање „веднаш да се повлечат од продажба во светот овие навредливи патики и сите производи со дизајнерското лого кое наликува на зборот Алах“.

Маркетинг

„Компанијата произведува патики Nike Air Max 270 со напишано лого на ѓонот кое несомнено наликува на зборот Алах напишан на арапски јазик, кој сигурно ќе биде газен, удиран и извалкан со кал па дури и со нечистотија”, вели ова навредена муслиманка во својата петиција.

 

Маркетинг

„Шокантно е и страшно тоа што Најк дозволува името на Бог да стои на патиките. Ова е непочитување и крајно навредливо за сите муслимани и голема навреда на исламот. Исламот учи на сочувство, милост и правда за сите”, продолжува Норин под својата петиција која во времето на објавувањето на овој текст имаше повеќе од 13 илјади потписи.

Во меѓувреме, се појави уште една петиција која собира малку помалку од илјада потписи.

Муслиманите и во деведесеттите го обвинија Најк заради логото што личи на името на Алах. Но овој пат, Најк инсистира на тоа дека логото не е ништо друго освен стилизирана презентација на брендот „Air Max.“

Најк ги почитува сите религии и ваквите сомнежи ги сфаќаме сериозно. Логото ’Air Max’ е дизајнирана да биде стилизирана репрезентација на заштитниот знак Ер Макс. Било какво друго сфаќање или репрезентација е ненамерна, стои во соопштението од портпаролот на Најк.

Дека не станува збор само за гнев на некој случаен човек од муслиманската вера, укажува и фактот дека лидерот на муслиманско-американската организација „Council on American-Islamic Relations“ (CAIR) поднесе официјална жалба заради логото на брендот. Тоа за американските медиуми го потврди и Ибрахим Хупер, комуникацискиот директор на оваа организација, кој исто така, истакна дека ова не е прв пат некоја компанија да обвинет за користење на исламската калиграфија на своите производи.

 

„Имавме голем број такви случаи со текот на годините. Типичен случај беше кога производител на џинс на кој му се допаднал дизајнот, а дизајнот всушност се стихови од Куранот на арапски јазик. Тие не мораат да го гледаат тоа како проблем, не мора секогаш ни да знаат што е тоа, тоа ним би им било само убав дизајн, но очигледно е сосема несоодветно да се прават такви работи “, објасни Хупер.

Тој како пример го посочува и случајот на Амазон, кога неодамна стави на продажба, а потоа ги повлече, черги за пред врати и тоалети со исламска калиграфија и стихови од Коранот. Но, во случај со Најк, тој призна дека, всушност, не се работи за „вистински исламски верски текст”, туку нешто што е „разбрано како религиозен текст”.

 

„Очигледно, муслиманите се загрижени за овие референци што упатуваат на Бога, чие име на арапски е Алах, и кои се наоѓаат на ѓонот од патиките. Сега, размислувањата за она што навистина се гледа во овој дизајн се многу различни. Но, ова е нешто околу што муслиманите секогаш се загрижени и затоа го повикавме Најк да поразговараме за ова прашање “, заклучи овој претставник на муслиманската заедница.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button