Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда прв пат искрено за љубовта – срамежлива пред камери, но не и во живо (фото)

Елегантна Македонка која со својот глас го освојува Балканот

Реклама

Македонската Гранд ѕвезда не знае дали ќе биде докторка или пејачка

Младата пејачка од Струмица, Славица Ангелова, која триумфираше во претходната сезона во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ повторно заблеска пред камерите.

Облечена во тесен црн фустан со кој ја истакна својата убава линија и со црвен кармин на лицето таа едноставно блескаше како гостинка во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“. Таа во оваа емисија имаше прилика да ја слушне и новата песна на својата колешка од натпреварот Мартина Јозиновиќ, за која Славица имаше само убави зборови, посебно што автор на песната е Александар Милиќ Мили.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Имено, Мили е автор и на нејзината песна, „Ружи и крв“, со која Славица ја воодушеви публиката во регионот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Песната првично ја изведе во „Ѕвездите на Гранд“, а видеото од оваа изведба веќе брои илјадници прегледи на Јутјуб.

Пејачката не крие дека е презадоволна како од песната, така и од коментарите што може да ги прочита од слушателите.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Инаку, Славица цело ова лето, по победата во „Ѕвездите на Гранд“, работеше со полна пареа.

Таа беше на турнеја заедно со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид и неговата екипа и како што самата вели, ова искуство делувало позитивно на неа и нема никогаш да го заборави.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Но Славица во интервју за „Гранд.онлајн“ откри и неколку работи од нејзиниот приватен живот, за кои досега ретко зборуваше.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Таа откри и дека не планира да се откаже од студиите, туку максимално ќе се потруди и да го заври факултетот.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Таа е студентка на медицинскиот факултет во Софија, а на прашањето дали се гледа како докторка или пејачка, таа вели дека се уште нема целосно јасна слика за она што најмногу го сака во животот, но во моментов повеќе се доживува како пејачка, иако и медицината и’ е голем предизвик и сака еден ден да успее и да биде докторка.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

„Немам време за симпатија, немам време за човек до мене во моментов, бидејќи сега ни за самата мене не постасувам“.

„Фокусот ми е на мене, да напредувам, тоа што го започнав да го продолжам, бидејќи би било навистина штета сето тоа да спласне… Но што и да кажам јас сега, тоа никој не го знае“, можеби утре ќе се случи, открива Славица во врска со тоа што се случува со неа на емотивен план.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Што се однесува до тоа каква е приватно, кога е меѓу оние што ги познава и со кои то се дружи приватно таа вели:

„Јас сум таков тип на личност која кога сум пред луѓе што не го познавам јас сум срамежлива, но кога сум со оние што ме познаваат јас сум потполно луда“, изјави младата пејачка за „Гранд.онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button