Мрежесто издание на Елена во какво не сме ја виделе – водителката и на плажа изгледа како кралица
Проѕирен фустан во кој ќе бидете главни на плажата
Познатата водителка привлече внимание со ова свое издание
Нашата позната водителка Елена Стојановска-Јанковска важи за негувана млада дама која со својата природен шарм плени каде и да се појави.
Кога е пред камерите најчесто ја гледаме во елегантни изданија со кои едноставно не може да згреши, но на нејзиниот Инстаграм понекогаш знае да не воодушеви и со своите смели комбинации.
Впрочем така беше и овој пат кога водителката заблеска во еден смел фустан, кој и не е баш за секоја дама.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, Елена која знае како да ја избере вистинската модна комбинација за себе, овој пат заблеска во своето „морско“ издание.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа позираше на плажа во бел фустан со дупки и широки ракави, кој заради ваквиот материјал изгледа како проѕирен.
Дупките дозволуваат да се види каков костим за капење носите под фустанот, а убавата водителка го носеше со бел модел.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена со ова свое издание никого не остави рамнодушен, за што зборуваат и коментарите под нејзините фотографии.
„Ти си мојата принцеза“, „Го засенуваш местото, убавице“, „Најубавата ТВ водителка“, беа само некои од нив.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Како Елена изгледаше во ова свое издание, но и зошто важи за една од нашите најубави познати дами, погледнете во продолжение: