Вчера во Тел Авив се одржа второто полуфинале на Евровизија, а нашата претставника Тамара Тодевска, која настапи под бројот 17, влезе во финалето.
Нејзината песна „Proud“ носи многу важна порака за жените. Еве што ни порачува Тамара преку нејзините стихови
„Девојко, ќе се обидат да ти кажат што да правиш, како да изгледаш, како да се смееш, да се однесуваш и движиш. Сите правила се создадени за да изгубиш, но, душо, дај да ти кажам нешто. Девојко, при секоја солза која ја лееш заради светот држи се до мене, јас секогаш сум на твоја страна, не се плаши да ги рашириш твоите крилја и да полеташ. Кажи им, дигни го твојот глас и речи им гласно, покажи им што значи да се стане гордо, кажи им, ова сум јас и благодарение на вас јас сум горда. Ајде, кажи им, дигни го твојот глас и речи им гласно, покажи им што значи да се стане гордо, кажи им, ова сум јас и благодарение на вас јас сум горда, горда сум“.
Тамара на Евровизија пееше за својата ќерка Хана која се појави во нејзиниот евровизиски спот. Таа го посвети настапот кој дефинитивно е и еден од најважните во нејзината досегашна кариера.
Како беше избрана песната
Тамара и Дарко Димитров во едно интервју открија дека од 50 песни што ги добила како понуда со која би настапувала, ниту една не и се допаднала. На крајот со Дарко Димитров и останатите од тимот одлучиле да одат со балада, со песна која ќе покаже што поседува Тамара.
„Почнавме со „Girl“ и од таму тргна се, отиде Коста дома и после два часа ми се јави и ми кажа дека текстот е готов“ раскажа неодамна Тодевска во емисијата „Стисни плеј“. Таа додаде и дека во тимот имаат и две прекрасни жени кои како лавици се борат – Швеѓанките Тине и Мари кои беа одговорни за прекрасниот сценски настап на Тамара.
Невена Божовиќ, претставничката на Србија
Песната на Тамара е посветена на сите девојчиња што растат и се борат во свет полн со предрасуди и нееднаквости, нееднаквост на половите и во така скроениот свет многу од тие девојчиња често знаат и да изгубат
Но затоа Тамара им порачува на девојките од целиот свет да ги рашират своите крилја и да летаат.
Па Браво Тамара. Не’ направи горди сите. Браво. :)