Мојот сакан е 33 години постар од мене, но постојано добивам злобни КОМЕНТАРИ затоа што ми дава пари и не морам да работам
Инфлуенсерката Никол Даунс од Мичиген стана многу популарна на Тик Ток откако започна со споделување кратки снимки од нејзиниот живот со своето момче Мајкл.
Ако се прашувате што ги прави Никол и Мајкл посебни, па тие да имаат милиони прегледи, одговорот лежи во големата разлика во годините.
Имено таа има 21 година а нејзиниот партнер 54.
Така, Никол честопати се фали на социјалните мрежи со подароците што ги добила од своето 33-години постаро момче, а кои вклучуваат дизајнерски торби и куфери полни со облека од скапи брендови.
“Уште кога се запознавме, бевме неразделни, но не објавував фотографии со него на социјалните мрежи поради големата разлика во годините и затоа што не сакав да се справувам со негативноста на другите луѓе. Но, ова е мојот живот и можам да го правам она што ме прави среќна “, рече таа.
И оваа млада дама не згреши – веднаш штом ги објави првите фотографии со Мајкл, се соочи со низа негативни коментари полни со омpaза. Голем дел од коментарите биле дека таа е со него само поради парите.
Ова ја мотивирало да сними неколку смешни видеа во кои таа бара пари од своето момче или во кои тој ја носи во трговскиот центар на бесконечен шопинг.
Така, во едно видео, таа посочи „дека е премногу убава за да работи“ и дека е со него само поради пари, секако на шега.
Оваа sвезда на Тикток, исто така, постојано повторува дека сака да се омажи за Мајкл и да го помине остатокот од животот со него.