Мојата сопруга и јас имаме коронавирус: Познатиот холивудски актер ги шокираше фановите, многумина се молат за нив!
Ни Холивуд не е имун
Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, заедно заболеа од корона вирусот и тоа во Австралија каде Хенкс треба да снима филм. Познатиот актер објави Твитер дека и двајцата се во изолација.
Неговите фанови му даваат поддршка
По соопштението на социјалните мрежи дека Том Хенкс и неговата сопруга имаат корона вирус, почнаа да пристигаат коментари од сите страни.
Хенкс самиот на Твитер и Инстаграм објави соопштение дека и двајцата се наоѓаат во карантин во Австралија.
„Проклетство. Зошто во се мора да бидеш прв? Прв доби Оскар, прв доби Еми награда, па сега си прв од Холивуд што доби коронавирус. Држи се брате, ќе се молам за тебе и за твојата сопруга“, му порачува еден фан.
„Биди силен во борбата против вирусот“.
„Ви испраќаме љубов, држете се и поздравете побрзо“.
— Tom Hanks (@tomhanks) March 12, 2020
Ова се само некои од коментарите испратени до познатиот актер, за кој се надеваме дека брзо ќе оздрави од овој вирус.
Народе, Рита и јас сме тука во Австралија. Чувствувавме замор, како да сме настинати, и болка во телото. Рита имаше треска одвреме-навреме, како и зголемена температура. Направивме се како што треба, она што му е потребно на светот денес, и се тестиравме на коронавирус. Откриено е дека сме позитивни. Што да правиме понатаму? Постојат протоколи до кои мораме да се држиме. Ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани колку тоа од нас го бараат докторите, јавното здравје и безбедноста. Одиме, ден по ден.
„Ќе го известуваме редовно светот што ни се случува. Чувајте се“, напиша Хенкс на својот Твитер.