Реклама
Наши ѕвезди

Морбидната исповест на Боки 13 што ја потресе ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – овој детаљ ги шокираше сите

Стефан - цар, Боки - Бог и батина!

Реклама

Еднаш шоумен, цел живот шоумен!

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 со своето гостување кај јутуберот Стефан Лазаров ги срушија сите рекорди на гледаност.

Нивната емисија беше прегледана речиси половина милион пати за само 24 часа, што е неверојатна голема бројка за земја како нашата.

Маркетинг

Имено, Јовановски во емисијата потполно искрено и без влакна на јазикот зборуваше за затворските денови, но и за многу други шокантни работи од неговото минато со кои нарави вистински потрес.

Ова беше неговото прво појавување во еден ваков формат каде што тој зборуваше за најтешките затворски денови, каде помина четири и пол години, а откако неодамна беше ослободен од сите обвинувања за рекетирање. Тој по подкастот кај Лазаров се огласи и на својата официјална страница на Фејсбук, а и ова негово појавување на интернет предизвика големо внимание во јавноста.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Тој беше осуден на девет години во случајот во кој беше обвинет дека својата невладина организација ја користел за измама и перење пари. Сепак, оваа пресуда неодамна беше укината од Апелациониот суд и тој се најде на слобода, а Боки сега во емисијата на Лазаров си ја отвори душата и отвори многу работи од животот.

Тој зборуваше за физичката голгота низ која што поминал, истакнувајќи дека изгледа здраво, но дека има проблем со внатрешните органи.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Може одеднаш да ми се слоши, немам цел орган, примам терапии. Ме делеа само 20 минути од смртта, таму каде што бев итно ме оперираа. Затоа за време на овој разговор морам да имам две-три паузи за да јадам, морам да јадам на два-три часа“.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

„Од терапијата некои делови од телото ми се изобличени. Без разлика на тоа што го доживеав, морам да ја поздравам одлуката на судот. И тоа што, откако бев опериран, ме чуваа добро“, вели Боки.

Тој потоа во своето обраќање на Фејсбук откри дека во следниот период ќе се посвети на своето здравје и дека пред него веќе има закажано неколку интервенции, кое сериозно му е нарушено, посебно заради лошите услови во затворот и сето она што му се случуваше.

Боки исто така во подкастот што ги сруши сите рекорди зборуваше колку му било тешко во затворот, но и дека без помош на психијатрите не би успеал да ги издржи тешките затворски денови. Како што самиот вели, и без родителската поддршка не би издржал ни половина, а не заборави да спомене и дека само неколкумина од неговите пријатели и познаници останале со него во овие тешки моменти. Еден од нив е и самиот водител на подкастот, Стефан Лазаров, кој му испратил писмо додека бил во Идризово, нешто што Боки нема никогаш да го заборави, како и сите оние што во тие моменти останале со него.

Водителот во тој момент спомена дека нема никогаш да заборави некој што некогаш му давал леб, во каква и да е ситуација. „Тоа е твојата величина, сите овие бројки тебе ти се најзаслужни на цел свет“, му порача Боки пред крајот на емисијата на Стефан. Целото интервју со Боки погледнете го на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Траен инвалид, животот му е загрозен

Потсетуваме, Боки кога излезе од затвор на својот Инстаграм порача дека е прогласен за траен инвалид, иако тоа не е видливо кај него.

Тој и во подкастот кај Стефан Лазаров зборуваше на оваа тема, потенцирајќи дека му недостасува еден орган и дека затоа мора на секои два-три часа нешто да јаде.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

И додека гостуваше, Боки по некое време изгледаше истоштено, па Стефан мораше да направи пауза за тој да собере сила.

Како што самиот изјави порано, тој е болен иако тоа не му се познава, посебно откако останал без 90 отсто од стомакот. Затоа тој сега секогаш мора да носи терапија и секоја компликација може да му го загрози животот, а сите овие страшни информации што тој ги сподели со јавноста никого не оставија рамнодушен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button