Момчето ѝ раскина, а она што го направи нејзиниот татко ги воодушеви сите – видеото е хит на „ТикТок“
Таа го има најдобриот татко на светот
Ема Ди Палма е Тиктокерка која сподели дека момето ја оставил една недела пред да заминат на пат во Европа.
Но Ема не се откажала и сепак отпатувала во Европа, и тоа благодарение на најважниот маж во незиниот живот.
Имено, нејзиниот татко реши да појде со неа наместо нејзиното момче, а неговата реакција ги воодушеви сите.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Тиктокерката објави видео на кое покажа како се забавува со својот татко, а под истото го напиша следново:
„Твоето момче те остави седум дена пред патувањето во Европа, па наместо него доаѓа твојот татко“, напиша Ема на видеото.
@emmadipalmaa Domenico says thank you for all the kind words! I am truly so overwhelmed with all your love and support❤️ #breakup #singlesummer #heartbreak #dad #eurotrip #portugal #lagos
Истото имаше речиси 4 милиони прегледи, а таткото и ќерката кои се гушнати и уживаат на тераса со пијалак, ги воодушевија сите.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Но Ема за време на одморот доживеа уште еден шок – нејзиното поранешно момче веќе има нова девојка, па таа објави видео и за тоа.
Кога ќе те остави за да работи на себе, а по седум дена започнува врска со друга девојка“, напиша тиктокерката под своето видео.
@emmadipalmaa
Но Ема наместо да тагува, реши да се посвети на патувањето со најважниот човек во нејзиниот живот и ги воодушеви сите.
Нејзините бројни фанови и порачаа дека го има најдобриот татко на светот и дека овие спомени нема никогаш да ги заборави.