Момчето на Цеца славеше роденден, пејачката дојде и не ја тргна НАСМЕВКАТА од лицето: „Мали, тука е твојот дом…“
Пејачката сподели дел од атмосферата
Емотивниот партнер на балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, шармантниот Богдан Срејовиќ, вчера вечерта го прослави својот 39-ти роденден.
Богдан прославата ја организираше во еден белградски ресторан заедно со неговите најблиски пријатели.
Славеникот уште во текот на денот на својот Инстаграм профил ги сподели роденденските честитки што ги доби од своите пријатели и пријателки, а сега можеме да ги видиме и првите фотографии од прославата.
Покрај Цеца, на роденденот беа и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ и снаата Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ.
Пејачката се забавуваше одлично, а дел од атмосферата таа сподели со своите фанови преку социјалните мрежи.
Од видеото што го објави можеме да видиме дека не ја тргаше насмевката од лицето, посебно додека пееше позната песна од Дино Мерлин.
„Мали, тука е твојот дом, далеку се Истанбул и Виена“ (превод), гласеа стиховите што ги пееше расположената пејачка.
Да потсетиме, Цеца својот партнер го запозна со Анастасија и Вељко, како и со останатите членови на семејството.
Тој веднаш ги освои симпатиите кај нејзините најблиски, а и Цеца се зближи со неговата ќерка Искра.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Во продолжение погледнете како изгледаше и ќерката на Цеца, Анастасија, на роденденската прослава…
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ