Момчето на Тамара нејзините деца ги гледа како свои – насмевките на Хана и Дарен ги воодушевија сите
Одлично се забавуваат заедно
Момчето на Тамара ја изненади јавноста
Тамара Тодевска објави неколку снимки и фотографии од кои можевме да видиме како ужива со децата, но и со новото моме.
Имено, таа веќе некое време е в врска со младиот скопски архитект и дизајнер Лука Радовиќ од кого во последно време не се разделува.
Пејачката од претходниот брак има ќерка и син, Хана и Дарен, а сега покажа како тие го прифатија нејзиниот нов партнер.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од објавите можеме да видиме дека сите уживаат во лудориите и си поминуваат лудо и незаборавно кога се дружат заедно.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Хана и Дарен се центар на светот како на мама, така и на тато, но очигледно и на новото момче на пејачката кој ги гледа како свои деца.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
А колку тој навистина е близок и приврзан со нив, потврдуваат и ваквите фотки кои пејачката во последно време често ги објавува.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Па навистина се слатки кога се сите заедно, нели?