Гордата мама која пред неколку дена се врати на социјалните мрежи објави фотографија со која ги воодушеви сите.
Познатиот турски пар Бурак Озчивит и Фахрие Евџен уживаат во семејниот живот откако пред неколку месеци по втор пат се остварија во улога на родители. Фахрие која се породи пред неколку недели, по втор пат стана мајка на машко дете. Тие на својот син му го дадоа името Керем, а убавата актерка неодамна ја сподели и првата фотографија од новороденчето и никого не остави рамнодушен…
Бурак Озчивит и Фахрие Евџен станаа блиски пријатели за време на снимањето на познатата турска серија „Çalıkuşu“ (Дневникот на Фериде), а по некое време нивното пријателство ќе прерасне во љубов.
Познатиот пар во 2017 година ќе застане на „лудиот камен“, а круна на нивната љубов ќе биде синот Каран.
Тие пред неколку недели повторно се остварија во улога на родители и на својот втор син му го дадоа името Керем.
Познатата актерка деновиве го сподели и првото видео со приновата на кое се гледа рачето на бебето додека ужива во количката.
Тие важат за еден од најпознатите парови во Турција, а многумина ги следат и преку социјалните мрежи.
Од нивните фотографии можеме да видиме како уживаат во семејниот живот, посебно откако се остварија во улога на родители.
Фахрие откако се породи направи пауза од телевизиските серии и целосно му се посвети на мајчинството, а неодамна ги воодушеви сите со уште една фотографија.
На неа се гледа како Каран спие во нејзините прегратки, а убавата актерка ужива додека го успива.
Инаку, Фахрие се породи на 18 јануари, а среќните вести веднаш беа пренесени од најпознатите турски медиуми.
Фахрие и Бурак беа фотографирани кога ја напуштаа болницата и од тогаш цели два месеци не се огласуваа на социјалните мрежи.
Тие целосно му се посветија на новиот член во семејството, а сега неговата мајка покажа како Керем ужива додека лежи во количката на нивната тераса.
На фотографијата се гледа само неговото раче, кое беше доволно да им ги стопи срцата на фановите на познатиот пар.
На снимката се гледа и големиот базен како и дворот во луксузната вила покрај Босфорот во која Бурак и Фахрие живеат од 2018 година, по венчавката.
Шармантниот актер својата сакана ја запроси во 2016 година, на нејзиниот 32 роденден, а по четири месеци направија и официјална свршувачка во Германија, кога ја побара раката на Фахрие од нејзиниот татко.
По неколку месеци стапија во брак, а потоа заминаа на меден месец на Малдивиte. Првиот син Каран го добија во април 2019.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм