Молитвата и иконите со насликаните светци ќе ве чуваат од болести и злобните луѓе – секоја куќа МОРА да ги ИМА овие три икони
Постојат икони и светци кои имаат толку голема моќ што можат да им помогнат на болните да оздрават побрзо.
Руските научници докажаа дека молитвата и иконите имаат чудесна моќ и не чуваат од болести и злобните луѓе.
Без разлика дали сте голем верник или не, доколку сакате да започнете процес на лечење од сите болести, прво појдете до најблиската црква и ставете свеќа или поклонете се и бакнете ја иконата која прва ќе ви „падне“ погледот. На таков начин Господ ни дава до знаење каде да го започнеме процесот на нашето лечење. Бидејќи кога некое лице наеднаш ќе се разболи, тогаш посебно се моли на Бога за помош и дознава колку е тоа важно, но и колку е голема моќта на иконите. Животот по некогаш така ќе ни ги постави работите, што никој друг освен Господ Бог не може да ни помогне.
Постојат икони и светци кои имаат толку голема моќ што можат да им помогнат на болните да оздрават побрзо.
Затоа ви предлагаме овие икони да ги држите во вашиот дом, тие ќе ви помогнат физички и психички да бидете посилни.
Мајката Божја
Иконата на Мајката Божја или на Богородица е една од оние икони која секое семејство треба да ја има во домот. Меѓу народот таа е позната како заштитничка на семејството и лечи од многу болести, а се верува дека прв ја икононасликал самиот свети Лука и дека поради тоа има голема моќ за исцелување на луѓето и помага во неволји. На иконата е претставена Мајката Божја и Исус Христос каде јасно се гледа дека таа го сака и се грижи за него, како што ги сака и се грижи за сите оние луѓе кои ќе побараат помош од неа.
Свети Василиј Острошки
Една од иконите кои исто така треба да ги поседуваме во домот е и иконата на Светиот Василиј Острошки.
За овој светец се верува дека е човекот од народот кој секогаш се грижи за народот. Светецот кои оди меѓу луѓето. Иконата на Свети Василиј Острошки треба да се најде во секој дом, бидејќи се смета дека овој светец го чува семејството и куќата од пожар, но и од зло, злобни луѓе и болести.
Имено многу верници се упатуваат и во Црна Гора да го посетат големиот Острошки манастир кој е посветен на овој светец.
Пресвета Богородица Трорачица
Иконата на Пресвета Богородица Трорачица исто така е една од најсилните икони. Ако ја погледнете подобро Богородица на оваа икона ќе забележите дека има насликано три раце кои симболизираат заштитничка на здравјето односно се верува дека оваа светица ги ублажува болките во рацете, но исто така дека лекува и од разни други болести.
Иконите имаат моќ на исцелување затоа што од човечката душа го исфрлаат злото и омразата, а оставаат добрина и благосостојба. Но ако лицето е негативно, и ако од него извира омраза и гнев, дури ни сите икони на светот нема да му помогнат да оздрави, да прости, да се залечи.
Најголема моќ има вистинската и искрена молитва. Научниците докажаа дека верниците додека се молат потполно ја исклучуваат кората на мозокот, а тоа означува потполна сигурност и отсуство на стрес.
Причина за повеќето болести се наоѓа во негативните ситуации и потенцијалните проблеми на умот кои за време на молитвата се повлекуваат, а по некое време дури и потполно исчезнуваат.
Научниците докажаа дека по Литургија и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок кај верниците и другите вредности измерени во крвта.
Наводно е докажано и дека звукот на ѕвоното ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства за излекување во зависност од степенот на вербата на верникот што е само дополнување на теоријата дека водата „има меморија“ и дека ги „памти“ информациите.
„Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човечкиот организам, туку и ја обновува уништената структура на свеста“, тврди Валери Слезин, директорот на Лабораторијата за неуропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психонеурологија во Санкт Петербург. Тој успеал да ја измери моќна на молитвата и востановил дека кај монах кој се моли потполно му е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст од три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка.
Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а како што тврди Слезин, тоа добро влијае на луѓето и им помогна побрзо да закрепнат и оздрават.