Интервју

Многу читав пред да станам родител, во таа улога се реализирав на 35 години – искрено за мајчинството со Александра од Канал 5

Да се биде родител денес за наjсликовито да се објасни може да се спореди со дисциплината - триатлон, вели Илиевска.

Реклама
Реклама

Водителката Александра Пановска -Илиевска е едно ведро лице на ТВ-екраните, мила, културна, тивка и разбирлива.

Многу читав пред да станам родител, во таа улога се реализирав на 35 години –

Таква беше и низ разговорот со нас. Ја поканивме да биде дел од рубриката на Гламур.мк – РОДИТЕЛИ НА 21 ВЕК . Љубезно ја прифати нашата покана и убаво си поразговаравме со неа.

Маркетинг

Таа е мајка на малата Сара. Александра е супер-мама, тоа можеме да го заклучиме од одговорите кои што ни ги даде на нашите прашања.

Млади родители, еве ви неколку совети за тоа како да станете подобри мама и тато , можеби токму начинот на кој Александра ја расте нејзината ќеркичка ќе ве инспирира.

Маркетинг

Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

Да се биде родител денес за наjсликовито да се објасни може е да се спореди со дисциплината – триатлон. Или во превод сакате да му овозможите се на вашето дете, во овој брз начин на живот и темпо, а забораваме дека само присутноста, многу љубов и внимание се сосема доволни за да пораснете здраво и воспитано дете.


Постојано споредуваме како било некогаш, а како е денес а заборавме дека присутноста на социјалните мрежи и презентирањето на лажна среќа и лусузно живеење создадоа нереална слика за целината семејство која како да се изгуби во новите трендови.

Без разлика дали сте мирен или строг родител, секој стил на воспитување има свои предности и недостатоци, па затоа би било најдобро да ги комбинирате. Но сите знаеме дека теоријата е едно, а праксата друго.

Може ли да ни опишете каква е вашата ќеркичка?

Сара е љубиоитно и динамично детенце. Сака да вози велосипед, тротинет, да истражува во кал да прави најазлични облици и “торти”, а последно е да игра криенка. Во јануари ќе полни три години и секојдневно се воодушевувам на сите промени кои пред очи ни се случуваат и ни укажуваат на тоа колку времето минува брзо. Новина ни е градинката, која навистина многу ја сака благодарение на целиот персонал кој одлично ја работи својата работа и секако другарчињата кои се вистинско богатство.

Споделете со нас некоја анегдота што ви ја направила?

Има постојано најразлични случувања, доколку земам да ги опишувам ќе ни требаат многу страни за се… Едноставно уживам во секој нов збор, ново случување и се трудиме да ја поттикнуваме и развиваме љубопитноста, љубовта кон природата и животните.

По какви методи ја воспитувате?

Многу читав пред да станам родител. Како мајка се реализирав на 35 години што е може предност и мана бидејќи за многу работи размислувате и во глава правите сценарио за се. За жал животот постојано ни укажува дека најголем дел од работите се случуваат како што треба, а не како што сакаме. Постојат многу методи но ние, јас и мојот сопруг, се обидуваме да комбинираме.

Од се што бар до сега имам прочитано топла препорака до сите сегашни и идни родители е книгичка ,, Дански начин на воспитување деца,,. Би ја препорачала оваа книга на секој кој што себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот, а Сара најмногу од сè на светот сакам да е среќна.

Имате ли помош од некого за растењето на вашето дете?

Да, сметам дека во Македонија имаме голема среќа да родителите во тој дел помагаат. Моите родители и мајката на мојот сопруг се тука секогаш кога е потребно.

Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век, за разлика од времето кога вие сте биле дете?

 

Огромна е разликата во секој сегмент. Начинот на растење и воспитување, средината и се што е достапно денес.

За жал во обид да се купи време, многу од нас родителите дозолуваме на децата да употребуваат мобилен телефон и таблет во долги врменски интервали што прави огомна штета во развојотот на децата, но тоа е друга тема за која треба почесто и погласно да се зборува.

Кои се предности, а кои мани за родителите на модерното време ?

Ако треба да издвојам еве неколку…
Предност – достапно е сè, мана сакаме да имаме сè и сме несреќни доколку одредени нешта не ни се достапни. Предност, подоцна се реализираме како родители во години кога голем дел од работите сме ги минале па нема да ни недостига ноќен живот, социјализација и како што би рекле постарите, се во свое време. Предност е што за многу работи сме по свесни а маана немаме енергија за многу криеники, трчање без прекин и игра без крај хахахх…
Јас вистински уживам во улогата мајка, бидеќи е најубавото нешто што ми се има случено.

Што паметите од тоа кога бевте дете, на кој начин ве воспитуваа вашите родители?

Јас пораснав во семејство со многу љубов, со особено голема посветеност и вклученост на мојата баба во растењето. Секогаш воспитувањето беше на прво место, моите родители секогаш ни даваа голема самодоверба, секогаш дружељубиви, исполнети и се разбира се трудеа да бидеме среќни. За жал, денес имаме ерозија на воспитување и вредности кои со време се искривија и се наметнаа нови тредови каде доминира матрејалното.

Како луѓе забоаваме дека малку е потребно за среќа.

Каков совет им давате на младите родители, на што треба да обрнат најмногу внимание?

Да бидат присутни во растењето на нивните деца. Кога е најтешко само да запомнат, се минува брзо и за многу кратко време детето ќе стане возрасен, само добро е да се потрудиме да е среќено во целиот процес на растење.

Какви афинитети покажува Сара од мали нозе, дали ќе биде на мама водителка или?

Можеби… зборува многу и постојано се трудиме да и го храниме речникот со читање пред заспивање, така откиваме нови светови, патуваме низ приказните и се забавуваме заедно.
Сара е сеуште мала и постојано менува. Што и да одбере ќе сме крај неа да ја подджиме да го прави тоа што го сака. Најубаво е да го работите и правите тоа што го сакате.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button