Реклама
Вирално

Многу опасен, агресивен и лесно се пренесува: Нов вирус на грип од Кина има „пандемиски потенцијал“ и напаѓа заедно со короната

Реклама

Група кинески научнции кои го истражуваат групот предупреди на опасност од новиот вид на грип, за кој велат дека има пандемиски потенцијата. И претходно имаше слични предупредувања, но овој пат опасноста е посебно голема, бидејќи се случува среде пандемија од коронавирус и расправа за масовно одгледување на стока која исто така е погодена од ширењето на заразата, истакнуваат научници во научното списание ПНАС.

САРС-КоВ-2 и обичниот грип истовремено – и такво сценарио, за кое научниците велат дека е реално можно оваа еден и зима – „би било катастрофално, зошто одделенијата за интензивна нега не би имале доволно капацитети за прием на голем број пациенти“.

Маркетинг

Загрижувачките резултати од студијата на кинеските виролози, ветеринари од Пекинг и Центарот за рано предупредување на кинеската Академија на науки, меѓутоа покажуваат дека и во најмалку десет кинески провинции во кои почнувајќи од 2011 година е извршен преглед на свињи за масовно одгледување, но и работниците кои работат таму, од 2013 година се зацврстил нов тип на вирусот на грип А: Г4.

 

Маркетинг

Како што пренесува „Франфуртер алгемајне цајтунг“ повикувајќи се на студијата, една десетина од работниците во фармите за животни биле во контакт со вирусот, а од 2016 до 2019 година многумина се заразија од таа варијанта на вирусот. Нови податоци засега нема. Научниците во други лаборатории регистрираа специјален вид на вирусот Г4, но и тие анализи се стари две-три години, што наведува до заклучок, барем засега, дека не се заканува опасност од пандемија.

И покрај тоа, кинеските научници предупредуваат дека е многу агресивен.
Станува збор за еден од бројните нови генетски варијатни на т.н. реасортации откриени кај свињите. Реасортации се нови комбинации на вирусот, а свињите веќе со децении се знаат како совршени „резервоари за мешање“ на вирусите на грип: поради тоа што живеа блиску до луѓето, птиците и другите животни, а хигиенските услови во кои ги одгледуваат, а потоа се врши преработка на месо се лоши. Сето ова е поволно за брзо ширење на заразата.

Кај новиот генотип на вирусто на грип Г4 станува збор за посебна комбинација, произлезена од вирусот на грип Х1Н1, кој во 2009 година предизвика пандемија на свински грип. Од тогаш па до денес, варијанти на вирусот Х1Н1 се проширија не само меѓу луѓето, туку и во бројната популација на свињи во Кина, покажуваат ветеринарните податоци.

Она по што кинеската варијанта Г4 е посебно проблематична покажуваат анализите во одгледувалиштата на свињи во десет кинески провинции. Генотипот Г4 за само две-три годни практично целосно ги потисна останатите типови вируси. Тој е позаразен, и тоа се однесува и на луѓето. Експерименти со феретки покажуваат дека во директен контакт се пренесува преку капки поуспешно од било која друга варијанта, освен тоа, кај животните предизвикува исклучително потешки симптоми на грип.

Вирусот Г4 е опасен затоа што многу брзо им се прилагодува на луѓето, па полесно се пренесува од човек на човек отколку некои постари видови на свински грип.
Научниците се воздржуваат од давање било какви прогнози во врска со вирусот Г4, кој многу брзо се размножува. За нив, меѓутоа, знак за аларм е кога кај десет одгледувачи на свињи, и кај дел од луѓето од нивното опкружување кои не биле во директен контакт со заразените свињи, откриени се антитела IgG. Во четири фарми секој седми работник развил антитела.

Покрај брзината со која вирусот преминува на човек и ги потиснува старите видови на вируси, научниците ги вознемирува и старосната структура на заболените: речиси секој петти (9 од 44 работници) припаѓал на старосната група од 18 до 35 години. Помладите (а со самото тоа и поактивни во ширењето на вирусот) се изложени на поголем ризик од инфекција, наведуваат научниците во студијата.

СЗО ќе ја проучи кинеската студија

Светската здравствена организација внимателно ќе ја прочита кинеската студија за новиот свински грип, рече нејзиниот портпарол и додаде дека овие откритија укажуваат на важноста за спроведување на надзорот над вирусот и во текот на пандемијата на ковид-19, пренесува агенцијата Ројтерс.

СЗО соопшти дека откако ќе ја проучи студијата ќе остане внимателна по прашањето за групот, како и дека соработката и размената на информации во тој поглед е од исклучително значење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button