Многу дами на нејзини години никогаш НЕ би ги облекле, но Лила си БЛЕСКАШЕ ВО НИВ – издание со кое ни одржа лекција по стил!
Еве како се носат хеланки и високи потпетици…
Нашата позната водителка не престанува да не воодушевува
Речиси сите се согласни дека позната водителка Лила Филиповска од година во година изгледа сé подобро и подобро.
Впрочем тоа најлесно може да се забележи од нејзините фотографии што редовно ги споделува со нас преку социјалните мрежи.
Таа овој пат позираше во црно од глава до пети, истакнувајќи го во преден план своето занесно тело.
Малкумина останаа рамнодушни на ова нејзино издание, посебно од она што го носеше во долниот дел.
Имено, водителката покажа дека изгледа неверојатно и кога носи хеланки, а ова нејзино издание ретко која дама на нејзини години би се осмелила да го понесе. Но Лила едноставно блескаше не оставајќи никого рамнодушен.
Таа на себе имаше хеланки и тесна црна блуска со кои го истакна секој детаљ на телото, а целото издание го заокружи со црно сако и глам чантичка од познат бренд во светкава сребрена нијанса.
Иако важи за икона на нашите мали екрани, Лила не престанува да не изненадува и со своите објави на социјалните мрежи.
Таа изгледа неверојатно и во својата шеста деценија, а за тоа сведочат и бројните коментари што постојано ги добива од фановите.
„Прекрасна“, „Убава и згодна“, „Екстра Лила“, „Жена што изгледа 20 години помладо“ се само некои од коментарите на фановите.
Но покрај тоа што повеќето фанови се воодушевени од нејзиниот изглед, таа неодамна беше и мета на критики.
Имено, таа во изминатиов период често се појавуваше со перики, па одредени корисници на социјалните мрежи ја критикуваа заради изгледот, по што нејзиниот пријател Зоран Василевски Фаци, изреволтиран од постојаните навреди што Лила ги добивала, реагираше на Инстаграм.
Тој тогаш откри дека Лила поминала низ тежок период и дека не е должна на секој поединец да му објаснува зошто носи перика.
По ова се огласи и Лила, и тоа на својот роденден, кога прв пат јавно прозборе за тешкиот период што го имала.
Инаку, Лила која важи за едно од омилените лица на нашите мали екрани е родена во Шведска, каде живеела како малечка.
Таа е посветена жена и горда мајка на синот Филип, а покрај водителството важи и за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска