Многумина се шокирани од високите сметки за струја, а меѓу нив и ПОЗНАТИТЕ – еве што вели Весна Бејби за поскапувањето!
Весна Петрушевска-Бејби распали на социјалните мрежи.
Таа важи за една од најпознатите и најбараните актерки во земјава, а својата кариера ја започнала уште додека била многу млада.
На само 14 години за прв пат настапила во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.
Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, кое се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.
Освен успешната кариера, Весна има две деца Кирил и Мина и е посветена мајка, која максимално се дава себеси во таа животна улога.
Често е активна на социјалните мрежи, па неретко знае и јавно да ги искритикува политичарите или јавните институции.
Овојпат таа реагираше на големата сметка за струја а која според одлуката на Владата од годинава е поприлично зголемена. Таа неодамна сними видео и рече дека ова што го прават е вистински рекет.
-Слушам се жалите за сметките за струја. Е па да видам дека едната ми е 14.000, а другата 18.000 денари. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, тие нека ме вадат. Значи 18.000 денари сметка за струја кога ќе ти дојде, прво не знаеш дали да седнеш на столче. Ма прво нема да го најдеш столчето, а после кога ќе го најдеш си викаш, мора да платиш. Рекетари едни“, рече Весна
Секако следеа низа коментари од граѓани на кои им се случило истото, а многумина го споделуваа нејзиното видео во знак на поддршка.
Имено, пред 4 години и нејзиниот автомобил се најде во водите на реката Вардар во Скопје, а оваа вест привлече огромно внимание во јавноста.
„Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба, претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема-напиша тогаш Весна.