Многумина се бесни поради видеото на кое познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи пред камерите недолично ја допира Софија Вергара

Откако деновиве повторно се појави неговото интервју со Софија Вергара од 2010 година во кое го коментираше нејзиното тело и нејзиниот сексуален живот, а во еден момент дури и ја допираше по бедрата, луѓето се разбеснија на неговото недолично однесување.

Гордон Ремзи и Софија Вергара во 2010 година заеднички беа гости до „The Tonight Show“ со легендарниот водител Џеј Лено, а еден дел од нивното гостување во ова шоу повторно почна да се споделува на социјалните мрежи и луѓето се бесни од вулгарното однесување на познатиот готвач.

ADVERTISEMENT

За време на интервјуто Софија спомна дека „никогаш не вреска во вистинскиот живот”, по што Гордон ја праша: „Само во спалната соба?”.

 

Потоа започна непријатна тишина, а Лено се обиде да ја спаси ситуацијата со коментар: „Никогаш нема да дознаеш”.

Подоцна Софија изјави дека не може да трча бидејќи има проблеми со колената, и Гордон се надоврза со коментар кој се однесуваше на нејзините гради: „Би се нокаутирала.”

Во еден момент, тој почна да ја допира по телото поради што Софија мораше да му ги тргне рацете и да му каже „Без допирање”. „Софија Вергара не заслужува ваков вид на однесување. Ова за неа навистина е непријатна ситуација”, коментира еден гледач.„Требаше да му удри шлаканица како што заслужи или сериозно да му каже да престане, но тогаш би испаднала луда или лута Латина”, додаде друг

„Само што во овие десет минути изгубив десет години почит кон Гордон Ремзи”, заклучи трет.

Facebook Comments
(Visited 6 times, 1 visits today)