Реклама
Наши ѕвезди

Многумина изненадени кога ќе откријат каква е Атиџе во приватниот живот – жена што ќе ве остави без здив

Еве како изгледа Атиџе во приватниот живот

Реклама

На Атиџе Муртова животот и се промени од корен по документарниот филм „Медена земја“, но проблемите си останаа.

Оваа извонредна и посебна жена и денес живее скромно и преживува како што самата си знае и умее, а како што многу пати досега има истакнато, во тоа најмногу и помагаат пчелите.

Имено, таа заработува од дивиот мед што го продава, па како што вели, се додека ги има пчелите, ќе го има и своето здравје.

Маркетинг

Како таа го одгледува медот од диви пчели можевме да видиме и во документарнит филм „Медена земја“ кој ги воодушеви сите и на Оскарите. Станува збор за многу редок, посебно квалитетен и исклучително здрав мед, единствен во Европа.

Маркетинг
Принтскрин/ Медена земја

И како што самата вели, оваа посебна жена денес се надева само на своите пчели, ниту во пензија, ниту пак во нешто други.

Имено, таа во една пригода објасни дека и е укината пензијата затоа што мислеле дека заработува многу пари од медот, што секако е далеку од вистината. Но Атиџе не се жали, туку продолжува кротко со својот живот, онака скромно и гордо, онака како што тоа го правела и нејзините предци на истото ова место.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Од Бекирлија, до Оскарите

Таа порано живееше во Бекирлија, каде се снимени и повеќето сцени од филмот, каде што се грижеше за својата болна мајка.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Но по нејзината смрт и големиот успех на документарниот филм, Атиџе доби куќа во Дорфулија каде што сега живее.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сепак, да се биде Атиџе воопшто не е лесно. Таа живее сама, а неодамна кога сериозно се разболе за неа се грижеше сосетката Илинка.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Тогаш Сузана Турунџиева, која е голема пријателка со Атиџе, направи сé како таа би ја добила потребната грижа, по што таа неколку дена помина во болница. По ова Турунџиева им се заблагодари на сите добри луѓе кои помогнале на македонската кралица на пчелите, а најмногу на тетка Илинка која се грижи за неа како за нејзина ќерка.

Како изгледа Атиџе денес, кога е во друштво на своите пријателки, насмеана и среќна, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button