Младата старлета си ја отвори душата и ги воодушеви обожавателите: „Моите гради сега се трипати поголеми, а имам и стрии на нив!“

Кајли Џенер која заработи големи пари со своите козметички производи ги изненади сите со својата неодамнешна изјава.

Имено Кајли која пред некое време ја роди малата Сторми позираше со нејзината пријателка Анастасија со видно помали усни објаснувајќи дека ги извадила филерите од усните. Бројните обожаватели беа воодушевени од нејзиниот природен изглед, па следуваше лавина од коментари и комплименти на сметка на нејзината убавина.

ADVERTISEMENT

heat wave

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

 

20 годишната Џенерка никогаш не криела колку патела во животот што нема поголеми, односно пополни усни па во 2015 призна дека ставила привремени филери. Две години подоцна призна дека сакала поголема уста само затоа што едно момче со кое била во врска како тинејџерка и кажало дека не може да се бакнува убаво затоа што има тенки усни.

 

Поради тоа со години не се чувствувала убаво и постојано го исцртувала работ на усните, а неодамна ги изненади сите и со својот искрен одговор во кој призна дека нејзините гради сега се три пати поголеми и дека има стрии на нив.

 

„Моите гради се три пати поголеми и имам стрии на нив. Чувствувам и дека стомакот не ми е ист, како ни половината, задникот и колковите кои исто така ми се поголеми. Морам да го променам и стилот на облекување бидејќи ништо од плакарот од порано не ми се фаќа“ отворено призна Кајли што ја мачи најмногу по породувањето додавајќи дека луѓето на социјалните мрежи понекогаш можат да добијат искривена слика за многу работи која е далеку од реалноста.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed