Дуа Липа (23) во шик издание на црвениот килим
Британската пејачка со потекло од Косово на традиционалниот хуманитарен настап „amFAR Cannes“ кој се одржува во склоп на филмскиот фестивал во Кан се појави во раскошно издание со потписот на Велентино.
Во прашање е фустан со голи раменици и во нежна нијанса на црвена боја зачинет со богати карнери кој одлично и стои на младата музичарка. Дуа самоуверено им позираше на фотографите, а покрај неа на овој настан беа присутни и Елса Хоск, Памела Андерсон, Адријана Лима, Ева Лонгорија, Кендал и Крис Џенер и многу други.
Убавата Дуа која на врвот на светската музичка сцена се искачи со хитовите „The Hotter Than Hell“, „New Rules“ и „Be The One“ во едно нејзини интервју изјави дека е задоволна со својот изглед, но и откри еден нејзин „ритуал“ .
„Се чувствувам убаво во своето тело. Секако дека секогаш ќе има нешто што не ми се допаѓа, но мислам дека е добро секој ден да си кажете барем две добри работи на самите себеси“, изјави и ги воодушеви сите со својот одговор.