Ми се јавија од пошта да подигнам пари… Мислев дека е грешка, бидејќи сум во тешка беда, но тогаш го добив ова писмо
Ме повикаа од пошта затоа што некој ми испратил пари.
Си реков тоа е грешка, бидејќи не знам кој би ми испратил пари, затоа што немам некој таков, а и во тешка беда живеам, па искрено мислев дека некој се потсмева со мене.
Кога пристигнав ми го дадоа писмото, а во него имаше 3.000 долари, и сè уште не ми се веруваше.Почав да го читам, сфатив дека е од другар ми од основно кој живее во Америка, кој тогаш живееше во сиромаштија исто како што сум јас сега.
Секогаш му давав колку што можев, со него ги делев сендвичите, пиевме сокови од истото шише, ми беше како брат.Пред десет години замина за Америка, како што се вели на “печалба за корка сува леб“, и се чини дека успеал.
Тој ми напиша: “Брату, секогаш кога ќе ти затребаат пари, само јави ми се, знам како ти е сега и знам каков си човек кога имаш. Фала му на Бога, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат …”
Ниту сега не можам да поверувам дека по толку години се сетил на мене и запамтил што добро сум му направил. Се чини дека дури и во ова тешко, лошо време, вреди да се биде човек. Кој би рекол …
Извор: Новпочеток