Министерот за здравство објави дека дека и Христијан Мицкоски и Зоран Заев се во изолација по контактот со новинарот кој бил позитивен на Ковид-19.
-Негативен ерезултатот на Мицксоски, но сепак е во изолација, додека резултатите за Заев ќе бидат добиени денеска.Новинарот засега е во стабилна состојба и во моментов е во болницата „8-ми Септември“, соопшти Филипче.
Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека за празниците кои следат ќе се почитуваат и применат мерките кои во моментот важат односно забрането целосно движење.
Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник.
Тоа се повеќе од 6о часови.Иако првично ваква мерка беше донесена само за Куманово, полицискиот час што ќе трае повеќе од 60 часа е мерка што сега важи за цела Македонија. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16.00 часот во петок до 05.00 часот во понеделник.
Што се однесува до миленичињата, граѓаните кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.
Што треба да направите?
Ова значи дека пред се’ треба добро да се организирате и што е најважно да се снабдите со намирници и лекови, како и да го отстраните ѓубрето. За да ги избегнете гужвите што неизбежно се создаваат заради пократкото работно време на маркетите, најдобро е одеднаш и уште од денес да ги купите намирниците што ви се потребни. Еден од советите е да не одите на шопинг без список и, ако е можно, во продавница што веќе ви е позната, бидејќи така пократко време би се задржувале во затворен простор што не е ваш дом.