Мислеле дека има камен во бубрегот, а таа почнала да се пораѓа

ADVERTISEMENT

Пет дена пред да се породи, Ели Офер се подготвуваше за настапи со група навивачки кои ги тренираше.

Само три дена подоцна таа почна да чувствува менструални грчеви, и воопшто не беше свесна дека тоа всушност се породилни болки. Следната ноќ, болката беше неподнослива, па таа отиде во болницата и откри дека е бремена и дека ќе се породи во рок од половина час.

ADVERTISEMENT

Офер не ни помислуваше дека е бремена. Секогаш имала нередовен менструални циклуси, а кога правела тестови за бременост, резултатот секогаш бил негативен. Овој пат како и предходно, бидејќи последниот циклус доцнел, одлучила да направи уште еден тест за бременост, но, исто така, и овој тест бил со негативен резултат.

ADVERTISEMENT

„Немав никакви симптоми на бременост и се чувствував сосема нормално, не мислев дека сум бремена, никогаш немав утринска мачнина, не се чуствував уморно, бев малку дебела во лице, и сè тоа беше така се додека не ми кажаа дека се пораѓам “, изјави Офер за магазинот „People“.

На 21 декември 2016 година, во раните утрински часови таа почувствувала мала болка и била убедена дека тоа е менструален грч, но кога болката станала неподнослива, решила да тој ден да го помине во креветот. Но, вториот ден, болката станала неподнослива и на крајот одлучила дека сепак треба да појде во болница.

Во почетокот, лекарот мислел дека има бубрежни камења.

„Тој го испита мојот стомак, ме испрати на ултразвук за анализа на бубрезите за да проверам дали ми е потребна операција.” Техничарот потоа го видел бебето за време на испитувањето, и кога мојот доктор ми кажа, бев шокирана. Не бев спремна да станам мајка”, се сеќава таа.

Бебето не е правилно свртено па мораше да биде родено со царски рез. Така малиот Оливер, дојде на свет.

„Бев во 42-та недела од бременоста, ова беше шок, но сите бевме среќни”, вели Офер.

Таа беше пуштена од болницата по неколку дена и, благодарение на помошта на нејзиното семејство и пријателите, дојде во комплетно опремен дом со сите потребни работи за бебето.

„Пријателите и семејството купија се што ми требаше, и ова искуство ме научи дека секое тело е различно. Тешко е да се разбере ова додека не ви случи, но важно е да се има на ум дека секоја бременост е единствена” , заклучува Офер.

Facebook Comments
(Visited 2.007 times, 5 visits today)

ADVERTISEMENT