Реклама
Новости

Министерот Филипче не ја вакцинирал внуката со МРП – призна дека ги излажал граѓаните?

Реклама

Венко Филипче во последното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било само за да ги убеди граѓаните дека вакцините се безбедни (што не се, бидејќи ги уништија, нели?), но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.

„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Маркетинг

Оваа негова изјава предизвика бура од реакции на револтираните граѓани, а реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, тие на денешната прес-конференција го повикаа министерот за здравство да поднесе оставка бидејќи, како што велат тие, наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, создаде вистински хаос во здравството.

Маркетинг

„Признанието на Филипче, дека не ја вакцинирал внуката од морбили која е премногу мала, но ја однел пред камери дека се вакцинира со цел медиумски да ги излаже граѓаните е уште еден доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните. Филипче и СДСМ си поигруваат со граѓаните. Филипче и СДСМ мора да си заминат пред штетите врз здравствениот систем да бидат преголеми“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button