Реклама
Холивуд

Минатата година освои Оскар за најдобра актерка, а оваа на доделувањето се појави во летни папучи и ги изненади сите

Реклама

Франсес Мекдорманд како да се скара со високите потпетици на минатогодишното доделување на Оскарите.

Френсис и ја предаде на Оливија Колман статуетката Оскар за најдобра актерка. Таа носеше фустан од модната куќа Валентино во комбинација со впечатливите папучи од познатиот гермнски бренд Биркеншток.

Маркетинг

Познатата актерка во 2018 година ја освои златната статуетка за најдобра актерка во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури”, а на доделувањето на наградите дојде во фустан од модната куќа Валентино и со црни сандали со високи потпетици и платформа

Маркетинг
Црните сандали што ги носеше минатата година

„Ако случајно се превртам, подигнете ме затоа што морам да кажам многу“, изјави легендарната Френсис кога се качи на сцената и ја презеде наградата. Но затоа оваа година, немаше ризик од превртување, бидејќи наместо „опасни“ високи потпетици овој пат избра – летни папучи.

Таа заедно со розовиот фустан кој (повторно) е потпишан од модната куќа Валентино, реши да носи жолти папучи од брендот Биркеншток направени само за неа.

https://www.instagram.com/p/BuSqKO7I1D5/

 

Можеби нејзините обувки не беа најубавите што ги видовме на 91-то доделување на Оскарите, но сигурно беа најудобните, па затоа само можеме да ја пофалиме актерката за нејзиниот смел и необичен избор за оваа година.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button