Реклама
Наши ѕвезди

Мили и Андријана подготвуваат спектакл за финалето – Македонија ќе биде горда, го заслужува тоа!

Ќе биде феноменално, вели убавата пејачка

Реклама

Македонската нова ѕвезда, Андријана Петрушовска, и оваа година успеа да се пласира во финалето на најгледаното музичко шоу.

Имено, ова не е прво финале на Андријана во „Ѕвездите на Гранд“, но убавата пејачка не крие дека е премногу возбудена што успеала да го направи истото. Таа во полуфиналето блескаше на сцената и успеа директно да се пласира за спектакуларното финале, додека за Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ, кои исто така се од Македонија, беше неизвесно до самиот крај на емисијата.

Петрушовска во полуфиналето настапи во интересна металик комбинација, истакнувајќи ги нозете во куси шорцеви и со високи чизми, а носеше и шешир на главата. Се уште се зборува и за нејзиното провокативно издание од пред неколку годни кога на сцената блесна во црвен фустан со екстремно длабок шлиц и го украде шоуто.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа за „Град.онлајн“ откри само дека и оваа година спрема нешто феноменално, но не сакаше да открива детали.

Маркетинг

Пејачката исто така не заборави да спомене и дека најголема поддршка добива од нејзините родители кои беа во бекстејџот, но и од нејзините брат и сестра кои исто така навиваат за неа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Петрушовска оваа година е единствената од тимот на Александар Милиќ Мили која стигна до финалето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што самиот вели, за финалната вечер со Андријана подготвуваат спектакл, а Македонија ќе се гордее со неа.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

„Андријана е огромен потенцијал, доаѓа од Македонија, а познато е колку Македонија поддржува, гледа ‘Ѕвездите на Гранд’ и гласа, па затоа и јас сакам за таа Македонија низ Андријана да направам нешто специјално. Нејзиниот настап во финалето ќе биде нешто поинаку, ново, и нешто на што Македонија и ‘Ѕвездите на Гранд’ ќе бидат горди“ изјави Мили за „Гранд.онлајн“.

Потсетуваме, големото финале ќе се одржи на 8 јуни, во 21 часот, а истото ќе може да го гледате на телевизија Сител.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Минатата година во „Ѕвездите на Гранд“ победи струмичанката Славица Ангелова, а дали некој од Македонија ќе го повтори нејзиниот успех и годинава наскоро ќе дознаеме. Победникот ќе биде избран со помош на СМС гласови, а како што открија од продукцијата ќе има интересни награди и за некој од останатите финалисти. Имено, за победникот во шоуто следува статуа, песна и автомобил, но и комплетен маркетинг. Песни ќе добијат и некои други кандидати, а сето тоа останува изненадување за периодот што следува.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Не треба да заборавиме и дека една од најголемите музички ѕвезди во регионот, Александра Пријовиќ, произлезе токму од ова шоу, како и многу други пејачи и пејачки кои сега се големи балкански ѕвезди (Теа Таировиќ, Дарко Лазиќ, Тања Савиќ, Џејла Рамовиќ, Теодора Џехверовиќ, Рада Манојловиќ), па дали некој и од овие финалисти ќе го повтори нивниот успех, останува да видиме.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button