Милијардерот Адамс ќе и плати на Мадона eден милион долари за настапот на Евровизија во Израел

ADVERTISEMENT

Мадона ќе настапи  на Евровизија во Израел за еден милион долари. Тој хонорар ќе го плати милијардерот Силван Адамс.

Според „I-net”, Адамс решил да го преземе овој чекор по преговорите со Израелската телевизиска корпорација која му предложила да биде партнер на фестивалот.

ADVERTISEMENT

Во 2015 година Мадона е прогласена за најкомерцијализирана пејачка, нејзиното име се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди.

„Евровизија 2019″ ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај. Се подготвува програма и се прави листа на ѕвезди што ќе гостуваат.

Како една од водителките на фестивалот се спомнува израелската актерка Гал Гадо, позната по филмот „Жена чудо”.

ADVERTISEMENT

Facebook Comments
(Visited 82 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT