Милијардери кои го зголемиле своето богатство за време на короната – пандемијата ги направи да бидат уште побогати
Во периодот помеѓу 1 јануари и 10 април, богатството на 34 најбогати луѓе во САД се зголеми за десетици милиони долари, се наведува во извештајот
Богатството на американските милијардери, вклучително и основачот на Амазон, Џеф Безос и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, се зголеми за време на пандемијата на вирусот корона за скоро 10 проценти, се вели во извештајот на Институтот за политички студии (ИПС) во Вашингтон.
Помеѓу 1 јануари и 10 април, богатството на 34 најбогати луѓе во САД се зголеми за десетици милиони долари, се вели во извештајот. Проценката на богатството на Американците беше спроведена кога повеќе од 26 милиони луѓе аплицираа за бенефиции за невработени во оваа земја.
Бил Гетјст и епидемијата
Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс веќе со години наназад предупредува на една ваква ситуација, а во одговор на прашање на корисник на „Редит“ тој изјави што мисли за коронавирусот, за неговото траење и влијание.
Тој за време на „Тед Толк“ конференција изјави:
Ако нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа ќе биде повеќе вирус отколку војна. Тој нагласи и дека во случај на глобална епидемија светската економија би се намалила за околу 3 билиони долари, со милиони мртви. Исто така, зборувајќи за епидемии од вируси тој изјави дека е изненаден како за тоа не сме спремни.
Гејтс неодамна повторно зборуваше за епидемијата и одговори на прашањето на еден корисник на „Редит“ за новиот коронавирус и ситуацијата во која светот се наоѓа денес. На прашањето што е тоа што Американците би требало да го направат за да им помогнат на другите во својата земја, тој изјави дека, со оглед на сегашните околности, луѓето треба да останат смирени. Тој ја коментираше моменталната ситуација во побогатите земји и верува дека за месец до два ситуацијата со епидемијата би требало да се поправи.
Клучот е во тестирање и социјална дистанца – ако луѓето се придржуваат до тоа богатите држави ќе успеат да избегнат голема заразеност на луѓето и дека бројот на заразени постепено ќе се намалува.
Но тој е загрижен за економските последици кои веќе се чувствуваат ширум светот, при што пред нас е најлошото, т.е ситуацијата во земјите во развој.