Милијана (21) си ја отвори душата: „Мој Милојко (74) е одличен во креветот. Имаме секс секој ден, но неговата убавина беше пресудна да се заљубам во него!“

ADVERTISEMENT

Лудата српска сцена има нови ѕвезди – тоа е 74-годишниот Милојко Божиќ и неговата 21-годишната свршеница Милијана Богдановиќ, кои целосно го свртеа вниманието од Јелена Карлеуша и Даре Бубамара.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

Па така сега медиумите постојано не бомбардираат со нешто ново за најлудиот српски пар кој никого не остава рамнодушен и меѓу кои има 53 години разлика. Значи, последното нешто што до дознавме за нив, е дека тие планираат да се одвојат, но само привремено, поради реалното шоу.

Имено, иако најавија дека заедно ќе се приклучат во реалното шоу „Парови“, на Милојко нема да му биде дозволено, бидејќи не му даваат неговите деца. Но затоа тој нема да ја спречи Милијана да влезе во шоуто сама.

ADVERTISEMENT

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

„Најпрво ни се јавија од телевизија ‘Happy’ и ни го понудија Парови, а потоа ни се јавија и од ‘Пинк’ за Задруга. Се уште немаме одлучено, тешко ми е да го остават мој Милојко бидејќи има проблем со неговите. Но, јас како и секогаш, ја имам неговата поддршка и ние наскоро ќе одлучиме каде ќе се појавам”, вели таа, а потоа без влакна на јазикот го коментираше и нивниот сексуален живот.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

„Имаме секс скоро секој ден, јас не гледам што е тоа толку чудно. Ние го правиме сето она што го прави секој заљубен пар и нам годините воопшто не ни се пречка. Сепак, откако мој Микан во декември имаше операција на срцето, морам малку да го штедам во сексот. Му вградија бајпас, па сега внимаваме да не префорсираме. Инаку, во креветот е како младич, не му треба никакви апчиња. Иако за волја на вистината, јас и не знам какви се младите момчиња во секс, јас отсекогаш сум била само со многу постари од мене. И кај Милојка најмногу ми се допадна тоа што е искусен, иако неговата убавина ми е на прво место“ вели оваа млада девојка за Блиц.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

Нивната свадба е планирана за 7 септември, само што се уште се немаат договорено колку деца би сакале да имаат.

ADVERTISEMENT

Facebook Comments
(Visited 15.486 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT