Милица ужива во Дубаи, боли глава од раскошот со кој е опкружена –гламурозно издание го зачини со детаљ од преку 11.000 евра
Пејачката ужива во луксузниот хотел каде ноќевање чини минимум 1000 евра, а од раскошот „боли глава“…
Популарната пејачка во Дубаи е сместена во популарниот хотел Дубаи Марина каде ноќевање чини 1000 евра…
Пејачката Милица Павловиќ каде и да се појави ја подига атмосферата до лудило, а така беше и овој пат кога ги воодушеви сите, како со својот глас, така и со изгледот.
Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ имаше настап во Дубаи по повод светското првенство во фудбал.
Таа со денови го чекаше овој настап, а посебно внимание привлече со гламурозниот фустан што го носеше специјално за оваа пригода.
Креацијата со светки во нежна виолетова нијанса никого не остави рамнодушен, а целото издание беше зачинето со пердуви.
Инаку, пердувите се голем хит оваа сезона, а она со што пејачката дополнително привлече внимание беше и прстенот од Картиер чија цена изнесува неверојатни 11.600 евра, а кој совршено се вклопи во ова глам издание.
Потсетуваме, Милица во Дубаи е сместена во популарниот хотел Дубаи Марина каде ноќевање чини 1000 евра.
Во прашање е еден од најлуксузните хотели на светот во кој имаат гостувано многу познати фаци како Рики Мартин и многу други.
Хотелот се состои од две кули со по 77 катови поврзани со небески мост и поседува базен на кровот што се наоѓа на речиси 300 метри од морето, од каде има неверојатен поглед на најлуксузниот дел од Дубаи.
Како изгледше Милица во своето гламурозно издание и како ужива, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
.