Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, од денеска е слободен човек.
Тој излегува од затвор после шест години минати во затворите Идризово и Шутка, откако доби условен отпус со одлука од Апелиациониот суд.
Екс министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше осуден за повеќе случаи: „27 април“, „Шпански скали“ и „Титаник“, а издржуваше затворска казна од три и пол години за предметот „Титаник“.
Јанакиески исто така ќе земе отштета од државата од 3900 евра поради штета од притворите.
Во ноември минатата година Телма објави дека Миле Јанакиески ја победи државата пред судот во Стразбур и ќе добие отштета затоа што е утврдено дека му билo повредено правото на слобода по членот 5 од Европската Конвенција за човекови права.
Поранешниот министер, обвинет во случаите Шпански Скали и организација на 27-ми април, бил во притвор иако според судот не постоеле причини за негово лишување од слообода. Втората повреда е во делот на брзината на одлучување по неговите жалби пред кривичниот совет во скопскиот кривичен суд, кои законски требало да траат максимум 48 часа.
А пред осум месеци предметот „Топлик“ за Сончев град застаре на првото рочиште во Криивчниот суд, откако по вторпат Апелација ја укина првостепената пресуда со која екс министерот Јанакиевски доби три и пол години затвор, а останатите четворица обвинети ослободителни и три години затвор.
Апелационите судии одлучиле да го вратат предметот назад на денот кога во собранието се носеа измените на Кривичниот законик (КЗ), но кога стаса во Кривичен поблагите одредби веќе беа на сила.